Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Искачување по скалилата на љубовта

Прашање: Во што се изразува желбата повеќе да се соединиме заедно – во мислата или во чувството?

Одговор: Желбата повеќе да се соединиме заедно се изразува во тоа, дека јас сакам да престојувам во заедничкиот осет, каде што не постои поделба на "јас" и "другите", туку постои нешто заедничко. Но што е тоа – јас не знам. Јас не сакам да го чувствувам своето "јас", туку сакам да го осеќам "ние", во кое не постои поделба на мене и другиот. Тоа е новата реалност, родена од нас. Бидејки на повисокото скалило, кое ние го раѓаме со своите напори, - желбата - неделива во споредба со нашето скалило, - како многу капки вода се слеваат во една голема капка.

И тогаш не постои можност да се разликува нашата претходна состојба, кога секој од нас постоел посебно. Невозможно е точно да се изрази тоа со нашиот јазик, но јас како да се губам себеси, не постои моето "јас" – на следното скалило тоа се претвора во "ние". Но во однос на уште повисокото скалило, каде што се се слева во една капка, во нас започнуваат да се откриваат нови желби, нови слоеви на егоизам.

Од каде тие се откриваат? – Од АХАП вишата, која ги осветлува. Тогаш јас почнувам да откривам, дека воопшто не сум поврзан со другите, дека јас сум сам за себе и тие исто така. Такво нешто се случува во нашиот живот – ти сакаш да се соединиш со некој со цело срце и душа, а после еден миг веќе настануваат различни пресметки, кои ве разделуваат. Во духовното се случува истото тоа – но токму затоа што вишиот започнува да ти ги осветлува недостатоците во таа состојба.

Тебе ти се чинеше дека вие го достигнавте единството, а сега тебе ти покажуваат, дека не е така - повторно ве разделуваат егоистички пресметки и дури омразата, иако порано ти си мислел, дека помеѓу вас постои само љубов. Како и во нашиот свет – ние мислиме дека цело време ја менуваме љубовта на омраза, а омразата на љубов.

Но тоа не е така. Тоа се различни скалила. Секој пат нам ни се открива се поголемо его, и затоа на секое скалило злото секогаш се претвора во добро, а потоа доброто – повторно во зло, и така ние напредуваме.

Објавено на 19/08/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica