12.09.2010 -
Прашање: По барање на пријателот поставуваме прашање што многу го мачи: дали може, претставувајќи се како Ваш ученик да дава со наплата благослови на луѓето, помагајќи им во тешките животни ситуации? Исто така тој предлага да го претвори тоа во локална тимска работа сметајќи дека е поврзана со ширењето и привлекувањето на луѓето кон кабалата. Имајќи проблеми со заработувачката тој сега е исправен пред изборот – да оди на ризична работа или да се обиде да заработува со тие благослови. Ние се збунивме во врска со прашањево и да не направиме грешка Ви се обраќаме Вам.
Одговор: Во никој случај не смее да се заработува од кабалата, притоа измамувајќи го народот, и ако тоа го прави некој од членовите на групата, обврзани сте веднаш да го исфрлите од групата. Никогаш не треба да се употребува кабалата за заработувачка – тоа целосно го исклучува човекот од духовниот пат.
Да не се даваат никакви благослови – тоа е лага! Само желбите на групата и мислите за пријателот – можат да му помогнат ако се несебични. Да се заработува од Кабалата никако не смее!
Исто како и проклетствата на "Пулса де-нура" божем некој може со нивна помош некому да наштети. Чуда на светот не постојат! Треба да се стремиш само кон Светлината – силата на давање и љубов – тоа е единствената позитивна сила во светот. Да се предизвика токму таа е нашата единствена можност да направиме нешто во светот, нашата единствена слобода на вољата.