Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалистите пишуваат само за направените поправки

Книга Зохар, поглавје „Ахареј Мот", т.316: Кога тие прават неправилни работи и скршнуваат од правилниот пат, се губи десната линија, и владее левата линија без десната. Тешко на грешниците, кои тоа го предизвикуваат во светот, зошто нема да има благослов од Вишото сè додека ги снема овие грешници долу. Како што е речено: „Ќе ги снема грешниците. Душо моја, благослови Го Создателот”.

Во Тора не постои ниту еден збор, што не бил напишан од десната линија, каде што давањето царува над примањето, десната линија – над левата. Тука тие меѓусебно се израмнуваат: левата линија го обезбедува „материјалот”, желбата, а десната – форма, намерата. И затоа, дури иако читаме во Тора за некои ужасни работи, треба да се сфати дека се пишува за формите на давање. Во кабалистичките книги сè е свето, дури и Фараонот. Сите грешници во Тора ја идентификуваат средната линија, формираат „подлога” за неа. Бидејќи кабалистот може да ги открива само преку поправката во средната линија – и само потоа ќе напише за тоа во книгата. Така, сите зборови, сите имиња во Тора се свети – тие се израз на давањето. Токму така ние треба да се однесуваме кон зборовите од Книгата Зохар – како кон израз на единство и љубов. Во суштина нема никакво значење, дали нешто ни се чини таму привлечно или непривлечно...

Од утринската лекција според Книгата Зохар,16.10.2012  на Каб.Тв

Секогаш почнувај од десната

Почнувајќи да го читаме Зохар, ние треба секаде да разликуваме две линии. Но каде? Дали јас треба да ја пробудувам левата линија? Ние веќе говоревме, дека ја пробудуваме само десната линија, како што е напишано во сите кабалистички извори: „Секогаш започнувај од десната”, т.е. во Светлината Хасадим, во давањето, во љубовта, во соединувањето – небаре веќе се наоѓаш во целосно поправена состојба, и левата линија не владее во ништо, ја нема, не ја гледаме, сè е управувано од десната.

Значи, започнуваме да работиме со десната линија, посакувајќи безгранична љубов и давање, стремејќи се да ја откриеме со помош на Светлината, која враќа кон Изворот, и барајќи таа да ни свети во нашето соединување со книгата Зохар. Затоа што постои читање, кога ние едноставно го читаме напишаното, како што се вели „ги броиме буквите”. Но постои и соединување со текстот, кога јас сакам да се соединам со силата што се крие во него – со Светлината, која враќа кон Изворот, за таа да ми свети и да ме менува. Светлината е таа, која со нејзиното влијание врз мене, ја пробудува во мене токму левата линија – секакви пречки, збунетост, различни мисли, далечни од љубовта и соединувањето. Тогаш јас морам да се трудам, наспроти сите тие пречки, да престојувам во љубов и соединување, да барам поправка, за овие две линии да се соединат заедно. Јас не молам „грешниците да умрат”, туку тие да се поправат. Така ние напредуваме.

Односно, јас не треба да се грижам за левата линија. Ако добро напредувам во десната линија, - левата несомнено ќе дојде. Меѓутоа, кога таа ќе дојде, јас треба да се погрижам да владеам со десната, која надвладува над левата. Односно, левата линија не исчезнува, „злата склоност“ останува „склоност”, но јас го претворам во добро, правејќи соодветно пополнување од десната линија – намерата заради давање. Токму тоа ние сакаме да го оствариме. Затоа, читајќи го Зохар, треба цело време да мислиме само на соединувањето и љубовта меѓу нас. Во зависност од она што ќе се открие – тоа ќе претставува почеток за нашата работа.

Од утринската лекција според Книгата Зохар,16.10.2012  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica