Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Каде е спасот за мене?

15.12.2010 -
Речено е, дека човекот кој ги отвора кабалистичките книги сака да го спаси својот живот, својата душа. Тој се запрашува за смислата на животот и ја бара таа смисла, посакувајќи да се спаси од празнината, која е полоша и од смртта.

Ние гледаме, дека целокупното човештво полека се доближува до таквата состојба. Кога човекот во длабочината на срцето моли за спас – тогаш што е за него спасот? Токму во тоа е проблемот: дали тој правилно си го претставува спасот, за кого моли? Дали тоа за него значи – да се крене над егоизмот, да се соедини со ближните и со целата реалност во една целина?

Дали разбира, дека повеќе не може да ги користи желбите за примање (келим)? Дали се запрашува: каква е смислата да се живее во примање, со апсорбирање внатре?

Ако човекот навистина посакува нешто повеќе – тоа е можно само во давачките желби, во келим кои се насочени нанадвор. Тогаш неговиот повик за помош значи: "Спасете ме од желбата, која сето го влече кон себе, но не дава!" Ако срцето на човекот веќе е насочено нанадвор, ако тој сака да излезе од себеси, да воспостави врска со сите и таму да го најде чувството на живот – тогаш неговата намера е правилна, и Светлината, доаѓајќи, го враќа кон Изворот.

Од утринската лекција според “Предговор кон книгата “Зохар“ /15/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica