24.04.2011 -
Прашање: Ако религиозен човек ги чита Светите книги, кои биле напишани од кабалистите, дали ја привлекува кон себе Светлината која го опкружува?
Одговор: Светлината доаѓа само за поправање на егоистичката желба, како што е кажано: „Јас создадов лош почеток и Тора за негово поправање". Јас не сакам да судам кој и со каква цел ги отвара Светите книги.
Но ако човек во себе чувствува „лош почеток" и сака да го поправи, и всушност со таа цел ја отвара книгата која е наменета за привлекување на Светлината за поправање, односно Тора – значи тој ја привлекува Светлината која го опкружува. Тогаш тоа се нарекува „учење на Тора", а таквиот човек се нарекува „Израел" („јашар-ел" – кој се стреми „директно кон Создателот").
Ако сака да учи единствено за знаење и не се стреми да постигне поправање и љубов кон ближниот, како кон самиот себе, тогаш тоа не се нарекува учевање на Тора, туку изучување на одредени премудрости.
Два човека отвараат една иста книга, ги читаат истите зборови, но едниот ја учи Тора, а другиот добива „суво" знаење. Секој според својата желба. Цел свет ги чита овие книги, но како ги восприма, што прави со нив? Сè зависи од човекот.
И внатре во самиот човек се менува ту еден однос, ту друг. Дури и оној кој ја изучува кабалата некое време учи за да едноставно дознае што е напишано. Но ако човек од самиот почеток нема добиено потреба за поправка, тогаш нема за што да се прекорува. Тој не чувствува дека во него има егоистички почеток, дека е можно да се достигнат чувства за Создателот и дека без тоа нема живот.
Никој не треба да се потценува, затоа што секој е управуван одозгора, дури и оние кои ги движи точката со срцето. Но, како дополнување на оваа точка во срцето која ја буди Вишата Светлина во нив, тие работат и ја реализираат својата слободна волја, за да на сметка на опкружувањето го откријат Фараонот во себе.
Кога се развива точката во срцето во нас, откриваме дека таму се криел и Фараонот, вистинскиот лош почеток. Значи откриваме дека не сме способни и не сакаме да излеземе од таквото ропство, не посакуваме љубов кон ближниот.
Оваа точка почнува да се зголемува и се претвора во црна дупка, која ја мразиме затоа што ја гледаме во Светлината која доаѓа кон нас и не сме способни да се согласиме со неа. Така и се мачиме во тоа чувство на прогонетост, сè додека не се измолиме за спасение, значи подобро и смрт отколку таков живот!
Тогаш се открива огромна, силна Светлина и ја претвора нашата егоистичка желба, „лошиот почеток" во желба за давање. Затоа не може да има никаква предност на некои луѓе пред други – секој дејствува така како што е управуван од горе. Нема слободен избор, освен тој кога точката во срцето ќе ни дозволи да го додадеме кон нашите дејствија. Сите останати немаат никаква слобода и ја исполнуваат својата природна програма.
Но, сите ќе ги изнесе од Египет оној кој оди прв, кој е на чело на толпата.