Прашање: Каде се наоѓа желбата на човекот:во телото, надвор од телото, во воздухот, покрај нас?
Одговор: Во телото нема желби. Вие можете да ги замените сите свои органи, да направите колку сакате пресадувања, но воопшто нема да го допрете човекот во тоа тело. Се сеќавам, кога пред половина век професорот Бернар во Јужна Африка за првпат извршил пресадување на срце, сите размислуваа: „Што ќе се случи со оперираниот човек?! Што тој ќе чувствува?”. Ама баш ништо. Срцето е само пумпа која пумпа крв, и толку. Истото ќе се случи, ако вие пресадите мозок. Нашиот мозок не мисли, бидејќи мислите не се формираат во него. Нашиот мозок е само спроводник, кој нè соединува со универзалното мисловно поле, исто како што и нашите желби се наоѓаат во тоа поле, а не во нашето тело. Нашето тело божемно постои во тоа поле и само го восприма. А малото размислување, предизвикано во нас, всушност е животот што ние го чувствуваме.
Прашање: Значи, во интегралниот разум, кога човекот влегува во заедничкото поле на љубов, тој навистина го активира својот спроводник стопроцентно, и го развива понатаму?
Одговор: Да, но тоа веќе не е мозокот што го имаме сега! Ние имаме само алатка, слична на калемот на индукторот, кој го лоцира полето однадвор, и во него се иницира струја. Таа струја, делот од неа, кој ние можеме да го препознаеме, да се справиме, да го сфатиме и т.н., - тоа е она што ние го чувствуваме. Додека во суштина, околу нас е поле на огромна сила и напон.
Прашање: Проширувајќи го својот калем до 100%, ние ја зголемуваме можноста за осознавање?
Одвовор: Осознавањето се проширува само за сметка на нашето поврзување со другите. Затоа, ако ние сакаме да се активираме, да се претвориме во сериозен соленоид (магнет), тогаш треба да се поврземе со туѓите желби, да почнеме да мислиме како да се зближиме со луѓето, и како да ги зближиме луѓето.
Од Тв прогарамата „Разговори со Д-р Михаел Лајтман“ на Каб.Тв
Полигон
Копијата на последното разбиено духовно скалило се разоткрива во нас како материјален свет, кој ние го чувствуваме со нашите пет сетила. Притоа и материјата, и чувствата се имагинарни – тие ги оцртуваат контурите на духовното, слично на сликата на ѕидот. Сликата постои, но не е реална. Реалноста е таму – зад ѕидот, а на ѕидот е само проекцијата. Луѓето гледаат филм и доживуваат најразлични чувства. Дали се тие реални? Едноставно нашите реакции се такви. Ние небаре живееме во филм што ни го прикажуваат. Меѓутоа, освен овој филм јас не сум видел, и не знам ништо друго. Во филмот ми поминува целиот мој живот, и затоа сите мои чувствувања се одраз на неговиот тек. Видот, слухот, вкусот, мирисот, допирот – сè се рефлектира во таа лента.
Денес ние преминавме кон тродимензионална кинематографија, која овозможува уште поголема реалистичност. И всушност не е тајна, дека човекот може да се смести во некое опкружување, презентирано небаре тоа е неговиот живот. Ако тој навикне на тој свој свет, оди и докажи му дека постои надворешна реалност. „Еве ги луѓето, еве ја Земјата, еве ги ѕвездите – сè е на свое место...”
Во своите осети тој не излегува надвор од границите на тоа опкружување. За него, надвор од границите на сегашните осети не постои ништо друго. Тој не чувствува во некој дополнителен сетилен орган недостаток од нешто, недостатокот на неговата реалност. Еве и денес јас со своите пет сетилни органи го воспримам само она кое што се наоѓа внатре во мојот круг. Каде е тогаш уште еден сетилен орган – садот, кој не се наполнува со ништо од сето она што постои тука, колку и да се обидуваме? Таа дополнителна потреба се нарекува „точка во срцето - искра” (•), и е насочена кон она, што се наоѓа надвор од нашиот Универзум. Откога ќе ја почувствува таа желба, човекот нема мир, почнува потрага, и на крајот нè наоѓа нас. Нашата задача е да го доведеме до врската со надворешниот свет. Тој мора да се пробие надвор од „оградата, бариерата”, да се ослободи од неа.
Суштината на ова е во фактот, што нашата сфера е изградена како копија на Вишиот свет – меѓу нив постојат некои сличности. Потребно е само правилно да се искористи она што го имаме тука. Јас ја земам својата искра, точката во срцето, и ја внесувам во меѓусебните односи со пријателите, како да сакам да ги засакам. И тогаш гледам, дека во суштина јас тоа не го посакувам. Но потребата веќе се формирала, искрата веќе добила насока, и во согласност со тоа јас можам да барам поправка. На таков начин, најважно е да ја сместам својата искра во „полето за играње” и да се натерам себеси да играм според сите правила. Благодарение на таа игра јас добивам разум и стекнувам правилни, вистински желби. Така од модел, аналогност, која има надворешна сличност, јас преминувам во вистинскиот свет. Нашиот свет останува како имагинарен „полигон за игра”, во кој само мојата искра е вистинска. Таа малечка точка во срцето е дел од Создателот, од Вишото. И ако јас неа правилно ја користам во играта, тогаш постигнувам успех, и растам.
Од утринската лекција според статија „Дарување на Тора“, 04.11.2012 на Каб.Тб
Тешко е да се биде Бог, но можно е !
Прашање: Како може да си замислиме најневеројатна фантастична желба, сите луѓе да повикнат: „Каква прекрасна желба!”?
Одговор: Замислете си, дека човекот може сè! Тој може да стане бесмртен, сезнајко, бесконечен, семоќен, - но само во мера, во која ќе го посака сето она, што ќе го стекне, да им го пренесе на другите, без да остави нешто за себе, - само да биде таков предавател.
Реплика: Во училиште сум учел со еден сезнајко, кој еднаш изјавил: „Сакам да бидам Бог. Сакам моето насладување да биде безгранично, да расте со забрзување, а забрзувањето да расте експоненцијално”. Дали такво растење е возможно во нашиот свет?
Одговор: Сигурно дека може. Нивото, кое што ние го достигнуваме во општото управување, претставува ниво на Бог, ниво на Создателот. Тешко е да бидеш Бог? Можеби. Но можно е.
Реплика: Тој уште има речено: „Би сакал да создадам свој универзум, во кој би живееле луѓе...”.
Одговор: Тој така и го создава. Не само еден, туку голем број универзуми, ставени еден во друг. На крај, тој ја достигнува состојбата на апсолутно откривање и исполнување, наречена свет на Бесконечноста, над кој во него не се создаваат повеќе никакви желби. Таму е СТОП, и толку. А што понатаму: за тоа што ќе биде понатаму, не може да се каже, бидејќи состојбата наречена „Бесконечност“ не се наоѓа во нашите ограничени рамки, кога ние зборуваме за крајот и без тој крај, кој можеме да го продолжиме уште малку понатаму. А „понатаму” едноставно не постои – исчезнува категоријата наречена растојание, граница.
Од Тв прогарамата „Разговори со Д-р Лајтман“ на Каб.Тв
Што го мотивира човекот?
Прашање: Ако набљудуваме куче, ќе ги забележиме неговите основни потреби: храна, сон, парење. А што го мотивира човекот?
Одговор: И кај човекот е исто: храна, секс, семејство. Тоа се животински, физички желби. Следното ниво на желбите е општественото, кое се создава во нас под влијание на опкружувањето. Тоа во нас иницира дополнителни желби: за богатство, слава (власт) и за наука (знаење). Односно, првите три вида на желби се телесни, додека другите три се „духовни.“
Прашање: Тука не спаѓаат такви нешта како: сигурност во утрешницата за себе и за своите деца?
Одговор: Сè се наоѓа внатре! Апсолутно сè. Сè е сместено во внатрешноста на тие видови на желби: трите телесни и трите, ако може така да се рече, „духовни”, кои наводно се надвор од телото на човекот, и не се користат за директно задоволување на телото.
Прашање: Дали желбата ништо да не се работи, сите да ме остават на мира, да не ме чепкаат и да ги снема, исто така спаѓа тука?
Одговор: Кон тоа се стреми нашата желба – егоизмот. Затоа што желбата за спокоj може да се манифестира и во случај, кога вие трчкате од место во место, но токму тоа создава во вас чувство на спокој. Пробајте да го сопрете детето – за него застанувањето во место напротив, е состојба на неспокојство. Кога трча, тоа се насладува – тоа за него претставува спокој. Односно, спокојот се чувствува во зависност од нашата желба, кога таа се наоѓа во рамнотежа, во изобилство, кога самата желба е смирена.
Во очекување на сибирскиот конгрес
Прашање: Ние сега поминуваме низ период на засилена внатрешна работа во групата, и кај некои членови се создаде мислење, дека во оваа поврзаност може значајно да се намали нашата работа во дисеминацијата, со целосното посветување на внатрешната работа.
Одговор: Целата наша работа се состои од две спротивности. Рабаш пишувал во своите статии, дека проблемот е нашата наводна разделеност, како да сме поделени внатре во себе на внатрешно и надворешно. И светот околу нас исто така ни се чини разделен на внатрешен и надворешен. Затоа неопходно е да се сфати, на каков начин да се биде со него во контакт. Во врска со тоа, ние често посветуваме повеќе време на нашето внатрешно соединување, а потоа малку го оставаме, и работиме на дисеминацијата. Сè зависи од тоа, во каква состојба се наоѓа просторот што нè опкружува. Ние сега се подготвуваме за голем конгрес во Русија. Се надеваме, дека на него ќе учествуваат стотици наши пријатели, кои претходно не биле ниту во непосредна визуелна врска со нас.
Од утринската лекција на Каб.Тв