Прашање: Како дисеминацијата помага во личното напредување?
Одговор: Целокупното лично напредување се определува само со дисеминацијата: уште колку души ќе можам јас да присоединам кон себе. Друго напредување не постои. Бидејќи сите ние сме поврзани во еден систем, јас можам да напредувам само за сметка на зголемувањето на бројот на соединувањата. Ако јас не сум соединет со никого, тогаш сум „0”. Кога ќе присоединам некого, веќе станувам „1”, штом ќе присоединам двајца, станувам „2”. Ако ги присоединам сите, тогаш ќе станам Бесконечност.
Затоа е речено дека „не дознаваат од разумот”. Оној, кој не работи за да ги присоедини со љубов кон себе другите души, не ја реализира методата. Тој едноставно станува пречка на патот на Светлината. Од таа причина кабалата била скриена толку години. Таа се разоткрила само тогаш, кога ние ја достигнавме состојбата во која можеме да почнеме да се соединуваме. Разбивањето во Галгалта ве Ејнаим, во Израел се случило токму за да ги присоединиме сите други кон себе. Суштината на поправката е во соединувањето, затоа не постои прашање: зошто да се соединуваме.