Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да се измени сопственото его

15.05.2011 -
Прашање: Во последните седмици за време на читањето на книгата Зохар, јас бев силно сконцентриран на внатрешната духовна работа. И одеднаш не можам да издржам во неа повеќе од 10 секунди. Што може да се направи во ваков случај?

Одговор: Обиди се да издржиш 15 секунди... Нема други совети. Има такви периоди, особено кај оние кои почнуваат да ја изучуваат науката кабала, кога човек уште не е спремен да работи на себе, уште нема насобрано доволно искуство и не знае како да го измами своето его.

Може да се обиде да потцртува некој дел од Зохар, да обележи, да работи со текст, дури и механички, ако за друго не е способен. Понекогаш се случува човек сосема да биде исклучен од духовното. Во таква ситуација, јас можам да се поврзам со него работејќи само со текст, обработувајќи го чисто механички – одделување запирки, разделување пасуси на текстот или негово уредување.

Не е важно што ќе прави човекот со текстот, нека ги брои и буквите ако сака, важно е да го чита. И нека знае дека со тоа се вплеткува за да чита. Тоа веќе е работа.

Од лекцијата по книгата “Зохар“ - 15.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica