21.09.2010 -
После многу животни циклуси во одреден момент во човекот се иницира почетно пробудување – точка во срцето (решимо). Тоа е составено од две сили:
- уништувањето од безвредноста на привременото овоземно постоење и разочарувањето во можностите за сопствено наполнување на овој свет,
- некоја внатрешна "искра" го насочува некаде, не се знае каде, но надвор од овој свет.
Од една страна (надолу) – очајот, од друга страна (нагоре) – искрата, и како резултат човекот добива насока. Во целина овие две сили прават во него решимо – нова насока во неговото постоење. Тоа решимо го доведува кај учителот и во групата на тие кои ја учат кабалата. Понатаму тој постепено сфаќа дека само во соединувањето со сличните на него решимот, тој може заедно со нив да изгради сила на давање, слична на Создателот. И во тоа се состои неговиот единствен слободен избор во животот и негово слободно дејство.
Успехот зависи од тоа до кој степен ќе успее да ја зголеми својата искра со помош на групата и покрај сите лични пречки. Ако тој ја зголеми, тогаш ќе почувствува потреба од вербата (давањето), од ближниот (средството). Сè зависи од среќата во примањето (апсорбирањето) на влијанието на духовното опкружување (советите на учителот и заедничкото мислење на групата).
Опкружувањето не е само група, пријатели, туку Шехина. Поврзаноста која со нив ја добивам – тоа е поврзаност со Шехина, Малхут на светот Ацилут, заедничката душа Адам. Сплотувањето на пријателите за да се поништи својот егоизам и да се достигне особината на давање, предизвикува реакција на Шехина и примање од неа на Светлината на поправката О''М. Така човекот стапува во интеракција со Опкружувачката Светлина О''М, која го продвижува кон откривањето во себе на особината на давање (вербата), а во неа – на внатрешната Светлина О''П.
Целата работа е за сметка на правилното опкружување да се зголеми желбата за особината на давање, нејзината важност. Тоа не може да се научи, за таа работа е речено "ќе направиме и ќе слушнеме". Човекот вложува напори за поврзување со групата дури иако не чувствува потреба за тоа, а како одговор добива поддршка и вкупната потреба, желбата која пријателите ја акумулираат меѓусебно, - потребата од верба, од давање.