20.09.2010 -
Прашање: Состојбите на духовниот пат се опишани, но како да се преминува од една состојба кон друга? Каков е методот на преминувањето?
Одговор: Методот е многу едноставен: ништо во реалноста не се менува, таа е една и непроменлива, се менува мојот однос кон неа и со тоа во моите чувствувања се менува таа. Давателот е непроменлив, Природата е непроменлива. Сите промени се условени со промената на односот на човекот кон светот. Дури и психолозите велат: не чекај да се промени светот – поправај се себеси.
Вишата Светлина може да ти даде нов однос кон реалноста – и ти навистина ќе се убедиш дека сé зависи од тебе. Само не ја примај таа ситуација како непосакувана и тешка работа – напротив со тоа ти даваат можност да управуваш. Бидејќи ако сé зависи од тебе а покрај тоа постои сила со која што можеш да оствариш вистински промени, тоа е одлично!
Се разбира дека од мене се бараат одредени напори, но благодарение на нив јас станувам центар на универзумот! Малиот човек, кој верува дека зависи од Природата и од сите почнува сам да се менува – и ја менува својата перцепција на реалноста. Сé е во негови раце.