Прашање: Како човекот може да ги контролира своите мисли за да не греши?
Одговор: Човекот не може да ги контролира своите мисли. Тој воопшто не може да се контролира себеси. Зарем јас сум си газда на самиот себе?! Зарем е тоа можно?! Нема такво нешто! Но јас мора да се обидувам на позитивна сила околу себе, на такво ниво за таа да може да влијае и да ме контролира. Тогаш јас ќе можам да се контролирам себеси.
Ние секогаш ја формираме нашата состојба со помош на надворешните сили, опкружувањето, општеството, поддршката. Додека пак самиот човек нема контрола над тоа. Тој не знае во каква состојба ќе се наоѓа по една минута, како тогаш може да контролира?..
Човекот може да ја осигура својата иднина само под услов ако ги подготви сите надворешни садови/желби. Ако јас се грижам за ближниот, тој да има сигурна иднина со тоа јас ја осигурувам својата иднина. Ако човекот е дел од системот како може да се прашува што ќе биде со него лично? Затоа што тој зависи од тој систем. Особено затоа што системот е изграден така што слободата на волјата се наоѓа во негови раце за да го зацврсти системот што го опкружува, и тогаш ќе може да биде сигурен во својата иднина. И никогаш нема да има повеќе од системот што тој го подготвил. Ако не го направил тоа во доволна мера тогаш ќе добие удари за да ја открие неопходноста од подготовката на системот.
Од лекцијата по Книгата Зохар, 28.05.2014
Изгубена трка со времето
Прашање: Не е лесно да се живее во современата реалност која бурно тече и цело време нè држи во стрес. Како да се издржи живот во кој секоја секунда се случуваат промени?
Одговор: Сè зависи од тоа како човекот ја восприма таа реалност. Ако мисли дека таа за него е многу важна и треба да стигне да стане успешен во неа, тогаш тој сака да ги искористи сите случувања, да биде поуспешен од другите, да стане најпрв во општеството, во науката во достигнувањата, во очите на луѓето. И тогаш е јасно дека тој несреќник цело време се натпреварува со другите без да има минута одмор и никогаш нема доволно време. Има пак луѓе кои не се вклучуваат во овој натпревар. Не заради нивната мрзеливост туку затоа што едноставно сфаќаат дека сето тоа се субјективни успеси. Јас не сакам да трчам за да бидам прв од оние на кои постојано им недостига време. Јас сакам дури да се искачам над времето, движењето и просторот и не да постојам внатре во појавата наречена „живот“ туку внатре во силата која се нарекува Извор на животот. И тогаш веќе јас барам како да се искачам кон Изворот на животот.
Од 352-а беседа за новиот живот, 28.05.2014
Како си го замислувате Ад-от?
Прашање: Што е тоа Ад?
Одговор: Адот зависи од тоа како човекот го дефинира. Некои сметаат дека Ад-от настанува тогаш кога тие губат сè што имале во овој свет и жалат за својот живот кој поминал бескорисно. Има такви кои сметаат дека Ад-от не се наоѓа тука, во овој свет од гледна точка на чувствувањата: добрите или лошите, туку нè очекува во иднина кога нашето тело ќе умре. Тие мислат дека после смртта телото оди или во Рајот или во Ад-от.
Во кабалата Ад се нарекува најнепожелната состојба. Со помош на учењето и работата во групата ние се обидуваме да ги промениме нашите вредности за Ад-от и Рајот да добијат кај нас поинаква суштина за разлика од општо прифатената. Обичните луѓе мислат дека заради тоа што телото умира, на човекот му се отвора некој отвор: или во Ад или во Рај. Но зарем ова јадно животно е виновно дека умрело или дека живее? Станува збор за животот и смртта во желбата за насладување во состојба кога ние имаме слобода на избор. Илузијата дека јас се наоѓам во физичко тело и го чувствувам овој свет е намерно дадена за да ја пречекорам и да се видам себеси како живеам и постојам само како духовен сад во однос на Светлината. Многу е корисно да се трудиме да си го замислиме А-дот и секој пат во нов облик. Ад значи дека јас се наоѓам под контрола на желбата за насладување која не ми дава да давам.
Од лекцијата по Книгата Зохар, 30.05.2014
Но пет минути си живеел!
Прашање: Да речеме дека сега сум решил дека сакам да бидам одговорен за сите. Но што вреди ако после пет минути јас веќе ќе паднам?
Одговор: Тоа не е важно. Пет минути се веќе добро. Веќе има пет минути од целиот твој живот кои нешто вредат и остануваат во вечноста. А останатиот живот ќе оди во канта за ѓубре. Но пет минути си живеел!
Реплика: Но јас сакам да го имам за пример прататкото Мојсеј!
Одговор: Мојсеј е духовно ниво. Тора не ни раскажува за историски ликови туку за духовни нивоа. И ти некогаш ќе ја достигнеш состојбата на прататкото Мојсеј и ќе го добиеш неговото име наместо твоето. Секој кој се искачува на некое ниво го добива името на тоа ниво. Раби Јоси, Раби Хија, Раби Шимон – сите тие големи мудреци имаат имиња кои укажуваат на нивоата од кои тие говорат. Ако велат дека човек е нечиј ученик тоа значи дека тој се наоѓа на соседното ниво до учителот. Да се биде ученик на кабалистот е многу почесна титула. Познато е дека учителот се наоѓа на одредено ниво а ученикот на нивото подолу и се храни од учителот.
Од лекцијата по статијата „Дарување на Тора“, 29.05.2014