Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Книгата Зохар – носител на духовна информација

Прашање: Читајќи ја книгата Зохар ние ги гледаме хебрејските букви на белата позадина и ја чувствуваме нивната моќ. Ако Зохар се преведе на другите јазици дали ќе се сочува таа моќ?

Одговор: Буквите на книгата Зохар не се свети, т.е. не носат одредена духовна енергија. Духовната енергија ја добива човекот, кој преку тие симболи (бидејќи тоа не се букви туку симболи) се поврзува со нивниот духовен извор, со нивната суштина. Затоа нема значење на кој јазик е напишана книгата и на каков начин човекот ќе ја восприми. Најважно е тој да ја восприми како книга која носи духовна информација и да сфати дека треба правилно да се подеси за неа. Едно време мене тоа многу ме интересираше и многу зборував за тоа со Рабаш. Се сеќавам дека многу ме изненади кога тој рече: „Каква разлика? Оваа книга можела да биде напишана и на англиски јазик. Само клучот кон врската меѓу мојата душа и заедничката, Малхут на светот на Бесконечноста, не ни го испратиле преку англискиот јазик, туку преку арамејскиот и хебрејскиот“. Тие два јазици се употребувале во древниот Вавилон уште од времето на Адам. Притоа тие оделе во пар, како директен и обратен. Во суштина тие се многу блиски и оспособени за изразување на духовните особини, бидејќи преку преместување на буквите и зборовите кабалистите ни ја пренеле целата духовна информација. Книгата Зохар со тоа работи.

Целиот проблем е во пренесувањето на информацијата. Бидејќи кога ние не би се наоѓале во скривање од Создателот, тогаш не би биле потребни никакви букви. Јас би го чувствувал она што го чувствува Тој. И не би биле потребни никакви букви, зборови, звуци, комбинации на бои - ништо, бидејќи тоа би се чувствувало директно во срцето. Обратете внимание колку често ни претставува потешкотија да го изразиме она што го чувствуваме дури и на мајчиниот јазик. Бидејќи сите зборови се апсолутно надворешен пренос.

Од лекцијата на руски јазик, 14.03.2014

Нејасни силуети во мракот

Прашање: Што значи да се наоѓаш во непрекинат дијалог со Создателот?

Одговор: Човекот мора постојано да вложува напори да ја доведе реалноста во правилна форма, наместо да ја восприма онаква каква што ја чувствува во својата тековна состојба. Дури иако се наоѓа на духовните нивоа тој треба да се труди цело време да се гледа себеси на следното  ниво и да ја замислува реалноста која постои таму. За таа цел тој почнува да ги организира сите потребни составни делови, компоненти: себеси, групата, учењето, учителот, Создателот. Постојат три главни компоненти: самиот човек, она што се наоѓа меѓу него и Создателот – целиот свет, вклучувајќи ја групата и учителот, сите проблеми и поддршката, и Создателот.

Сите форми на скривање кои застануваат пред мене се небаре нејасни силуети во мракот. Но багодарение на нив јас веќе можам да видам дека тука нешто има. Иако јас ги гледам во неприродна, неправилна, лажна форма, сепак тоа е веќе некоја идентификација. Тоа значи да се наоѓаш во состојбата „ло лишма“ која служи како подготовка. И сега јас молам тие форми да се претворат во вистински. А кога не би постоеле тие лажни форми јас не би можел да направам напор над нив и да посакам тие да се претворат во вистински. Односно јас не би ги видел вистинските форми и не би го открил Создателот. Бидејќи Тој мора да се открие во вистинските форми. Тоа не се Негови форми, туку форми преку кои Тој се покажува Себеси пред мене. Бидејќи Него самиот, самиот Извор јас не сум способен да го откријам – потребна е некоја помошна форма, АВАЈА.

Затоа јас мора да почнам од судовите кои потоа се трансформираат во милосрдие. Јас мора да ги откријам и изучам сите лоши форми на скривањето, а потоа да откријам како тие се трансформираат во добра, правилна форма – форма на откривање. Оваа превртена форма претставува откривање на Создателот. Затоа ние не сакаме сенките да изчезнат од светот. Во спротивно не би имале врска со Создателот и никогаш не би можеле Него да го почувствуваме. Токму со таа цел се случи разбивањето, за да ги откриеме сите поделби меѓу нас соединувајќи ги сите форми на разбивањето – токму тие се најважни. Ние не го изучуваме целосниот сад, туку како тој се соединува од делчиња, односно ги изучуваме пукнатините. Токму тие ни даваат претстава за вишата сила. Потребно е пред себе да го гледаме Создателот кој зборува со нас преку сите тие непријатни форми на скривање, воспримајќи ги како покана, повик правилно да се обратиме кон Создателот. И да сфатиме дека кога овие судови се засладуваат и негативните форми се трансформираат во позитивни, во таква форма ние го откриваме Создателот. Затоа целата наша работа преку сите средства: учителот, групата, книгите, учењето, распространувањето, е да посакаме да ги промениме формите на скривање кои се пред нас во форми на откривање. Но во формите на откривање јас мора да се изедначам себеси со особината на давање, со Создателот. Во онаа мера, во која сакам да се доведам до особините на давање, судовите се засладуваат.

Од подготовката кон лекцијата, 17.03.2014

Света омраза

Прашање: Излегува дека потребното дејство кое се бара од суштеството во дијалогот со Создателот е само молитвата?

Одговор: Во таа состојба ние доаѓаме до вистински крик, а не кон обична молитва. Толку е горлива потребата за елиминирање на скривањето која ние ја чувствуваме. И тука постојат две состојби. Во првата состојба јас откривам колку ми е омразено скривањето од моја лична, егоистичка гледна точка. И затоа јас смртно го мразам тоа скривање, мечтаејќи тоа да исчезне, да се изгуби, да престане да постои. За мене нема поголема радост од онаа да дознам дека скривањето се изгуби, изгоре, уништи. Таквата состојба е наменета да ми ја открие целата мерка на мојата омраза кон оваа состојба. И сега јас мора да дојдам до омразата за тоа скривање, иако наеднаш губам секаков интерес за него. Но јас го мразам само заради фактот што со негово елиминирање јас ќе му причинам задоволство на Создателот. Дали можам да достигнам исто толку горлива омраза кон скривањето заради фактот што тоа ми пречи да му причинам задоволство на Создателот? Јас веќе имам мерка за споредба – мојата лична егоистичка омраза. Сега морам да го пренесам тоа доживување на страна на Создателот: дали можам да ја замразам таа пречка која не претставува препрека за мене, но му пречи Нему, не ми дозволува да му причинам Нему задоволство, сосема несебично, заради давање.

Од подготовката кон лекцијата, 17.03.2014

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica