Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кога бајките се остваруваат

Прашање: Од што се состојат моите напори ако сé што треба е да се замоли Создателот на направи сé?

Одговор: Ова се твоите напори: да откриеш дека нема „никој друг освен Него“, дека Тој дејствува во сé, дека Тој е првиот и Тој е последниот, дека светот е исполнет со Него, и дека не ја чувствуваме неговата сила бидејќи сме скриени. Ти постоиш во нешто што работи, дејствува, оди наоколу, менува сé, а ништо од тоа не гледаш. Не го препознаваш тоа и има темнина и тишина околу тебе. Па што ти преостанува да правиш? Најпрво, да откриеш во колку фасцинантен механизам, совршен систем се наоѓаш, како си поврзан со него и како можеш учествуваш само малку во неговото управување и потоа, сé повеќе и повеќе, до таа мера што ти ќе превземаш дејства и ќе го стартуваш целиот систем. А засега, ти си целосно одделен од тоа што се случува во него, и овој систем влијае врз тебе капка по капка само за да го поддржи твоето постоење. Пробај да ја замислиш сликава. Гледаш со што почнуваш и види што ќе постигнеш. Денес, ти си како поспана мува која лази наоколу во темно ќоше на огромен кралски замок, не знаејќи ништо за него. И постепено се будиш, сé додека не се разбудиш, пораснеш и сфатиш. И тогаш Светлината наеднаш ќе те осветли и ќе почнеш да гледаш што се случува околу тебе, исто како во филм или во бајка.

Од вториот дел на дневната кабала лекција 01/08/2012, Зохар

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica