Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кога ќе падне ѕидот помеѓу нас

16.11.2010 -
Тебе ти се открива злото, кое не ти дава да влезеш во духовното, небаре ѕид што се испречува пред тебе. И ти сам не можеш да го пробиеш – само заеднички. За тоа ние треба да се обединиме во група – единствено слободно дејство, кое сме способни да го извршиме. И собирајки се заедно, потребно ни е да ја привлечеме кон себе силата на Создателот и со нејзина помош да го пробиеме ѕидот!

Јас стојам пред истиот тој егоистички ѕид, но веќе не сам, туку со многу точки во срцето, соединети заедно, и наречени "кабалистичка група". Тоа е огромна сила, која лесно може да го скрши ѕидот. Бидејки соединувајќи се – ние го откриваме внатре во нашето соединување Создателот, затоа што без да го привлечеме Создателот, ние не можеме да се соединиме!

Јас се обраќам со молба кон Создателот, и Тој ме соединува со останатите. И другиот исто така се обраќа кон Создателот со истата молба, и се соединува. Така ние ја внесуваме помеѓу нас силата на Создателот, кој нé обединува, и со таа сила го кршиме ѕидот! Бидејки овој ѕид не е некаде однадвор – тој е помеѓу нас! И работејќи на своето соединување со останатите, ти, всушност, се подготвуваш себеси за тој пробив.

Што значи излегувањето на народот на Израел од Египет? Тие се соединиле со таква сила, што ѕидот се срушил – тие се кренале над својот егоизам. Токму тоа се нарекува бегство од Египет. Нема никакви надворешни ѕидови. Ѕидот се открива, покажувајќи ни дека ние не сакаме да се соединиме еден со друг. Токму тоа претставува откривање на ѕидот помеѓу нас. Сега доведи го Создателот, Тој да го скрши, и повеќе ништо не е потребно!

Главно, да продолжиме и да не мудруваме премногу. Нашата основна работа се одвива во скривањето, неосознаено – тоа е етапа на подготовката.

Затоа, главно е да се работи според методот, иако не ни е сé јасно, како што на детето не му е јасно, на каков начин тоа расте. Ѕидот се наоѓа помеѓу нас, и нашето единствено слободно дејство е насочено против него. И човекот може да работи на тоа соединување, дури следејќи ги лекциите дома преку телевизија.

Бидејќи ние не се соединуваме еден со друг со окови и метални синџири.Тоа не е физичко соединување, туку според внатрешната желба. Затоа, наоѓајќи се далеку од центарот, јас можам да се присоединам, исто како да се наоѓам во него. Оддалеченоста не одредува ништо.Само желбата и лојалноста на целта!

Истиот тој ѕид, кој ние го чувствуваме помеѓу нас, на крај ќе се претвори во лепак, кој ќе нé поврзе еден со друг. Истиот тој Фараон, кој стои помеѓу нас – ќе се претвори во Создател. Тоа значи, дека ние бегаме од Фараонот и доаѓаме до откривање на Создателот. Ние не се преместуваме на друго место.Ние секогаш работиме внатре во групата, но наместо разбивањето и одделувањето,го откриваме поврзувачкиот лепак и соединувањето.

Тоа е чисто психолошки проблем, преку кој ние преминуваме, и наеднаш целата тежина се претвора во сила на соединување, ангелот на смртта – во ангел на Светоста, гробот – во мајчинска пазува!

Од утринската лекција /16/11/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica