Прашање: Последниот семинар се покажал потежок од претходните затоа што наместо кратко прашање вие читавте цел инсерт од статијата и потоа предлагавте дискусија за него. Но не беше сосема јасно за што да се зборува?
Одговор: Го направив тоа намерно за да ве принудам да говорите од срце, од чувствувањето. Ако за време на читањето ме следите со своите чувствува, тогаш нема потреба да го помните прашањето и да размислувате. Вие едноставно чувствувате и кажувате за тоа неколку зборови. Тоа е доволно!
Токму тоа сакав да го постигнам: да ве натерам со чувство да навлезете во текстот за да сите ние заедно почувствуваме што зад тој текст се крие. Ако се трудиме да ги следиме чувствата, родени од моите зборови наместо да бараме одговор во умот, тогаш тоа функционира. Јас сакам да не судите со умот, туку да почнете меѓусебно да се поврзувате преку своите доживувања од слушнатото. Во секој инсерт постоеше некој развој на чувствата. А вие требаше заедно да го пронајдете заедничкиот впечаток од него. Да изградите заеднички сад – токму тоа значи да се дојде до заеднички впечаток.
Групата е заедничко чувствување во одделните изолирани садови – желби, кои се поврзуваат за да добијат заеднички впечаток. Кога тие се подготвени за таков еден заеднички впечаток, во нив се открива Едниот.
Од лекцијата за “Учението за Десетте Сефитот”, 30.07.2012 Следете на Каб.Тв