Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Колку чини моето поправање

Одговор: Сé што треба е да се поврзеш; во нашиот свет нема ништо освен поврзување. Оваа работа е многу едноставна. Плаќаш со твојот напор; мора да се поврзеш со сите и да ги сакаш за да можеш да преминеш од љубовта на создадените битија во љубовта на Создателот.

Обидисе да го постигнеш најголемото правило на Тора: „Љуби го ближниот свој како што се љубиш себеси“, правилото кое вклучува сé, и тогаш ќе бидеш исполнет со Тората, со Светлината на Ејн Соф (бесконечност). Изгледа толку едноставно, но тоа за нас е најтешко. Може да се вртиш околу оваа точка долго време, како куче што си ја брка опашката и да откриеш дека немаш моќ да постигнеш поврзување. Ќе најдеш многу изговори; ќе го одложуваш до утре и ќе предлагаш поинакви услови.

Човек не може сам да постигне поврзување; мора да копнее по тоа и да делува. Да речеме дека те прегрнувам иако не чувствувам дека ми се допаѓаш. Те одбирам заради оваа причина бидејќи чувствувам колку мојата желба за примање го презира ова дејство. Тогаш јазот меѓу дејството и желбата ја привлекува Светлината и ми носи нова желба.

Општо е познато дека луѓето посвојуваат деца и многу вложуваат во нив сé додека не почнат да ги сакаат како да се нивни биолошки деца. Ако човек се ожени со жена која има дете, мора да вложува во детето со повеќе напори отколку што вложува во сопственото дете. Ова е така бидејќи ако тоа е мое дете, тоа природно ќе чувствува дека јас сум му татко, но друго дете не ме гледа како татко и исто така јас знам дека тоа не е мое дете, и затоа морам да вложам многу повеќе моќ во него. Се плашам дека нема да ме почитува или ќе ме мрази бидејќи е странец за мене. Но благодарение на фактот што вложувам во него повеќе отколку во што било друго, почнувам да го сакам повеќе од сопственото дете во кое не вложувам толку многу.

Сé е одредено од направените напори; затоа, не можеш ништо друго да сториш освен да ги вложуваш своите моќи.

Од третиот дел на дневната кабала лекција 31/05/2012, Учењето на десетте Сефирот

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica