Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кон светот со Светлина

21.07.2011 -
Прашање: Ако се обидувам да го насочам светот кон целта на битието, може ли да се каже дека јас гарантирам за луѓето? Можна ли е еднострана гаранција?

Одговор:
Да, бидејќи ги движиш луѓето напред. Тие сè уште не можат да изразат заемност како одговор, но тоа не дека не е прогрес, и тоа е многу важно. Ние треба да разбереме дека нашата определба е да го придвижиме светот и дека нашето придвижување зависи од неговите чекори. Се разбира, не на исто ниво, но овде се потребни сериозни обиди.

Ние не го правиме тоа за сметка на своите внатрешни напори, меѓутоа нема да можеме да се развиваме внатрешно ако не дадеме свој придонес во развојот на светот. Сè е подредено спрема интегралниот систем – јас, групата, светот и Создателот треба да бидеме една целина. Затоа ние сега треба да се погрижиме за сите. Како што пишува Баал ХаСулам, целиот свет е едно семејство и тука нема што да се прави. Ако се фокусираме на тесен спектар, останувајќи на некоја вдлабнатина, нема да го оствариме посакуваното. А од друга страна, излегувајќи во светот, треба да бидеме внимателни, бидејќи притоа може да ги изгубиме своите принципи и да отидеме во чисто психолошки приод: „Да се зближиме еден со друг, ајде да живееме сложно..." Не, нема да успееме така.

Како во Русија или во израелските кибуци, тоа ќе биде соединување без внатрешна сила. За обединување е потребна сила која нè обединува – Вишата Светлина. Треба да се обраќаш кон светот со материјалите од Баал ХаСулам, не мора со истите текстови, но со таа порака, со тие принципи. Малку по малку треба да им објаснуваш на луѓето дека произлегуваш од науката кабала. Патот сè уште е долг, но тоа уште сега треба да ти биде јасно. Самиот ти треба да бидеш задлабочен во методиката, да си нахранет со неа. Ако не го изучуваш кабалистичкиот материјал постојано, ако не го доживуваш навлегувајќи сè подлабоко, тогаш луѓето ги храниш со убави зборови, со њу-ејџ или со мистика. Ти самиот не забележуваш дека паѓаш.

Ако човекот не оддели неколку часови во денот во сериозно учење со сериозна група, ако не се занимава со тоа и наутро и навечер, тој се оттрга од патот. Оттука и произлегуваат религиите, разните верувања, мистични учења и слично. Сè тргнало од науката кабала. Нашиот егоизам, нашиот свет има потреба од отстапки: „Што ќе те чини – додади малку овде, измени малку таму. Не пресметувај сè, така ќе допреш до луѓето..." Не, нема да допреш. До нив ќе дојдеш без своите сили и без духовна сила, веќе расипан. Тоа е многу голем проблем. Затоа, кога учителот си заминува, силните, добри групи го губат правилниот курс, ги губат силите и пресушуваат.

Од утринската лекција 21.07.2011
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica