Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Корисна и штетна фантазија

02.01.2011 -

Прашање: Ако имагинацијата смета на научниот пристап, доведувајќи кон религијата или филозофијата, тогаш како постои имагинација која помага во научното истражување?

Одговор: Имагинацијата, која ни помага – не е апстрактната форма, откината од материјата, туку форма на Вишото која навлегува во нас. Во секој информациски ген (решимо) има два дела: информација за "денешната" желба (решимо де-авијут) и информација за "утрешната Светлина" (решимо де-итлабшут).

На пример, постои пар на решимот гимел де-авијут/далет де-итлабшут – "3/4". Ако јас го реализирам решимо "3", тогаш во него можам да ја примам формата на повисокото од скалилото "4" – тоа се нарекува креативна имагинација. Јас не го добивам за реализација, туку само како пример. Решимо де-итлабшут ми сугерира нова, идна форма, затоа што е секогаш скалило погоре од нашата тековна состојба. Тоа "сеќавање" е сочувано во нас од распространувањето на скалилата одозгора надолу, и благодарение на нив ние сега можеме да се искачиме.

Човекот функционира како машина. Кога во нас постојат такви информациски гени, "решимот", тогаш благодарение на нив ние можеме да работиме, но ако не постојат – тогаш не можеме. Ако ја избришеме целата меморија во човекот, тој нема да знае како свесно да го мрдне прстот. Сте забележале какво беспомошно однесување има новороденчето? Тоа не може да направи ниту едно дури и најмало свесно движење.

Сé доаѓа само од решимот, и ако јас на своето скалило ја реализирам својата желба (решимо де-авијут) правилно, тогаш внатре во неа јас можам да го добијам скалилото на повисокото, кое навлегло во мене (решимо де-итлабшут) како примерок. Врз таква основа работи фантазијата која ни помага. Тоа не е празна фантазија која нема никаква основа – туку реална форма предодредена да се реализира.

Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата “ /02/01/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica