Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кој од кого зависи?

Прашање: Како народите на светот го приморуваат Израел да се соедини?

Одговор: Веднаш штом Израел почне да напредува во поправањето, веднаш, заради нивната вклученост во сите други, преку овие канали, Светлината почнува да тече и кон народите на светот. Тогаш, сите народи чувствуваат дека се приближуваат до Светлината и Изворот. И според нивната внатрешна природа да посакуваат, ова ги смирува. Треба да разбереме дека овие желби на четвртото ниво се во беспомошна состојба бидејќи имаат само потреба да бидат исполнети со Светлина без никакво поврзување со Неа или способност да ја привлечат Светлината која поправа.

Оваа зависност која народите на светот ја имаат од Израел инстинктивно се чувствува сè повеќе и повеќе во светот, зависно од тоа како Израел го врши своето поправање. Ова прашање ќе стане многу важно. Во наредните неколку години, ќе стане очигледно дека човештвото ќе стане почувствително во однесувањето на Израел. Обидите да се биде како сите други и наводно да му се помогне на човештвото во материјалниот свет, правејќи различни изуми и откритија, нема да му помогне на Израел. Тоа не се очекува од него. Потсвесно, светот од Израел очекува поврзување со Изворот на создавање и нема да го замени за ништо друго.

Затоа, инстинктивно, ќе има такви пресметки, и напнатоста меѓу нас и нашите наводни пријатели, како САД и други, ќе се зголеми. Не можеме да го избегнеме ова бидејќи токму тие состојби ќе ни ја покажат нашата непоправена состојба. Треба да сфатиме дека тоа воопшто не зависи од нив, туку само од нас, од тоа како ќе ја извршиме нашата мисија и ќе ја следиме духовната насока. Со ова целосно ќе го дефинираме ставот на народите на светот кон Израел на најбрзиот и најдиректниот начин.

Затоа, ако нашите односи со американците се влошат, тоа е предизвикано само од нашите дела. Ако видиме дека нашите односи се влошуваат од ден во ден, треба да разбереме дека мора да се поправиме најбрзо што можеме. Светот е намерно изграден вака за Израел да зависи од сите други, токму затоа што во реалноста сите внатрешно зависат од Израел. Ако Израел го прави тоа што треба – внатрешното поврзување – тогаш светот ќе го остави на мир. Но ако не ги извршиме нашите обврски, и продолжиме да се занимаваме со нечија туѓа работа, тогаш сите ќе ни вршат притисок: Создателот од Вишото, и светот од нижото.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 10.9.12, според статијата Шамати бр.46

на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica