Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ласерски проектор на душата

09.03.2011 -
Прашање: Јас не можам да се стремам кон давање, бидејќи воопшто не можам да замислам што е тоа. Што е давање?

Одговор: Секое духовно својство: давање, љубов - се открива од спротивната состојба. Затоа што ние не знаеме што е тоа. Бидејќи, ако знаев што е давање, јас веќе би го имал тоа својство.Но, јас го немам ... Тогаш, како ќе можам да го откријам? Само преку механички дејства: јас влијаам на групата, а групата - на мене. Сите овие активности воопшто не се поврзани со духовното, па затоа, ние чувствуваме дека сега се наоѓаме во овој свет.

Тоа е реалност која е замислена од мене, во која има некакви желби и дури физички тела, односно не се ниту желби, туку нешто што не пројавува сопствена волја. Бидејќи во духовниот свет дејствуваат желби, аспирации, сили: љубов, омраза, страст - појави на желбите на созданието. Но, без оваа појава на желбата - нема духовен свет, тој не постои.

Тоа е како некоја ласерска слика - јас го вклучувам ласерот, и таа се појавува во воздухот. Но, ако не го вклучам - нема да ја има. Така е и духовниот свет во нашето воспримање.

Но, материјалниот свет постои дури и без мојата желба. И во оваа реалност јас го поминувам животниот круг (реинкарнациите), и таа ме менува, практично случајно, не преку барањ за мое учество. Затоа оваа реалност ми се гледа како "материјална", бидејќи сите промени во неа стануваат без моето свесно учество, без мојот стремеж кон давање. Се развиваат само по природен пат, под управувањето на Вишата Сила, која нè турка сите кон развој.

Но, кога во материјалниот свет јас ќе достигнам таква состојба, кога сам сакам да учествувам во својот развој, тогаш се буди во мене во вид на прашање за значењето на животот. И од тој момент јас почнувам да барам.

Но, сето тоа е за да почнам сам да ја активирам оваа реалност. Во моментот кога ќе бидам подготвен за тоа, ќе ми се открие делот што сум го активирал. Тоа го претставува моето прво духовно ниво.

Затоа сите наши активности треба да започнат од материјалното - со тоа што јас се присилувам да влијаам на околината, а околината - на мене, во севозможни форми, користејќи ги сите сили и можности со кои располагам. Како што е напишано: "Направи сè што е во твојата моќ!" – Земи ја секоја можност, без оглед каква е таа.

Бидејќи, ако ги исполнуваш сите овие активности во материјална форма, т.е. без правилно и свесно учество, ти сепак ја будиш оваа реалност. Така е таа подготвена.

Од  лекцијата на тема "Што е молитва", од 09.03.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica