Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Магарето нема да го излажеш со плевел

Прашање: Ако сум поправен, тогаш наоколу гледам совршен свет. Но ако наоколу гледам страдања, како треба кон нив да се однесувам?

Одговор: Нашето битие е двојно. Од една страна, ние телесно припаѓаме на животинско ниво, а од друга страна, желбата која ние ја развиваме, припаѓа на повисокото, човечко скалило. За светот, кој го гледаме наоколу, е речено: „Сите се слични на животните“. Човекот во нашиот свет не е само сличен на животните, туку дури е и полош од нив. Бидејќи животните, по својата природа, инстинктивно се грижат за сопствената егзистенција. Тие немаат неумерен нагон да се хранат, да измислуваат за себе специјалитети, слатки, деликатеси и сл. На магарето му е доволно само неговото зрно или тревата. Дај му наместо тоа леб – тоа нема да сака. Исто така, животните немаат импулс кон прекумерно уживање во сексот – тие дејствуваат инстинктивно, размножувајќи се во сезоните, определени за тоа од природата. Не им требаат палати – доволни им се дувлата. Таква е животинската егзистенција.

За разлика од тоа, човекот поседува несразмерни желби – за на крајот од развитокот да открие, дека тие го втерале во ќорсокак. Токму тоа ние денес го откриваме. И затоа, гледајќи ги страдалниците, ние треба мисловно да ја разделуваме нивната егзистенција на два дела. Што му е потребно на човекот на животинското ниво, за да живее здрав и нормален живот? Живеалиште, храна, облека, семејство и други неопходни, но само рационални услови. Се разбира, ние не можеме да живееме исто како пред илјада поколенија. На секој човекот во светот јас треба да му посакувам прифатливи услови, но не и повеќе од тоа. Бидејќи општиот закон на природата гласи: на животинското ниво треба да ја обезбедуваш својата егзистенција, а сите други твои желби, мисли, способности, сè што поседуваш покрај тоа, да ги претвораш во духовен подем.

Затоа, ако говориме за идниот свет, за животот сè до крајот на поправката, кога овој свет ќе исчезне од нашето чувствување, - ние ќе им обезбедуваме на сите луѓе рационална палета, потребна за материјална егзистенција, а сè друго ќе насочуваме кон духовниот развој. Ако денес би го организирале својот живот на таков начин, тогаш би откриле, дека во нашиот свет има сè, за да се обезбедат нормални материјални услови секому од седумте милијарди. Поголемиот дел од денот ние би биле слободни од материјалната работа – за да учиме и да ја реализираме својата внатрешна, духовна работа за нашите промени. Токму кон тоа треба да се стремиме. Јас уште не знам, како тоа ќе се оствари во суштина, но многу се надевам дека ќе можеме да им објасниме на луѓето: таков е вистинскиот поредок на животот во светот. Со помош на кризата и објаснувањата, ние ќе дојдеме до средната линија, до таква состојба, во која светот ќе го прифати ова.

Од 2-та лекција на конгресот во Италија, 30.09.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica