Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Материјално проклетство на човештвото

Истражување: Во последниве 50 години германците станале 400% побогати, а бројот на несреќници кои страдаат од депресија се зголеми за 38%. На луѓето им сугерираат чувство на инфериорност ако тие не купуваат ново, помодерно.

За реклама годишно се трошат 500 милијарди долари – тие пари се доволни за да го направат човештвото несреќно. А за решавање на проблемот со гладот на Земјата годишно се потребни само 50 милијарди долари. Главниот проблем не е во тоа што ние треба да ги фрламе добрите работи зошто тие веќе не се модерни. Трагедијата на човештвото е во неоправданите очекувања. Кога ќе купи нов автомобил човекот се радува многу кратко време. Ако следниот ден неговите пријатели купат поубави автомобили, неговата радост ќе трае само еден ден. Многумина од нас без да забележат стануваат несреќни во стремежот за нови и модерни работи.

Реплика: Од оваа трка можеме да се ослободиме само со последователно учество во личното превоспитување со помош на влијанието на правилното опкружување по методиката Интегрално воспитание.

Од блогот на руски јазик

Да одиме заедно со Создателот, но малку понапред

Прашање: Како ние можеме да му помогнеме на светот да достигне заемна гаранција ако тој секој ден сè повеќе потонува во кражби и корупција?

Одговор: Луѓето прават така како што им диктира егоизмот пробуден од Вишата сила. Има луѓе кои како пример на другите намерно ги ставаат во состојби кога тие мора да крадат. Создателот покажува на нивниот пример до кој степен е расипан нашиот свет. Тие се едноставно „модели“ кои покажуваат колку е зла нашата егоистичка природа: што таа прави со нас, како самите тие страдаат од неа и како страдаме ние. Сите во овој свет страдаат бидејќи тој е толку егоистичен. Ние трошиме огромни средства за оружје, за омраза. Ако Земјината топка се погледне од длабочините на Вселената тогаш како ние ќе изгледаме? Ние прашуваме зошто кај нас не долетуваат дојденци од други галаксии. Но кај кого да долетаат? Што има тука да прават ако се толку развиени што можат да долетаат до нас? При поглед на нашава планета оддалеку ние ќе им изгледаме како одвратни лебарки кои меѓусебно се јадат и се мразат. Чувството и разумот кои ни се дадени ние ги користиме за сопственото уништување. Кој ќе посака да долета кај нас?

Ние треба да ја осознаеме нашата состојба и да посакаме да ја поправиме. Единствениот начин за поправка е заемната гаранција. Ако сакаме да го прифатиме законот на заемната гаранција, да се соединиме заедно и меѓусебно да си помагаме, со тоа ние ја привлекуваме Светлината која враќа кон Изворот. Создателот мора да биде меѓу нас бидејќи што сме ние без Него? Ние целосно се наоѓаме под власта на нашата ужасна природа. Се разбира ние не можеме да бидеме гаранти еден на друг. Од каде знаеш што ќе се случи со тебе следниот миг и за што ќе размислуваш? Како јас можам да се потпрам на тебе и да те сметам за гарант на мојата иднина? Тоа е исто кога некое мало дете би рекло дека гарантира за мене. Ако навистина сакаме заемна гаранција тогаш потребна ни е Виша сила која би се открила и би станала наш гарант. Како да ја привлечеме? Ако се трудиме во рамките на возможното барем во најмала мера да станеме гаранти и сакаме Вишата Сила да се пројави меѓу нас и да ја реализира таа заемна гаранција, тогаш тоа ќе се случи. Тоа е првиот услов.

Токму така е речено: ако сакате да станете заемни гаранти еден на друг, примете ја Тора, Светлината која враќа кон Изворот. Од тебе не се бара да бидеш одговорен за сите дејства за илјада години нанапред или да одиш во затвор наместо пријателот. Во мигот кога си подготвен да станеш за него гарант, се пројавува Вишата Светлина и ти веднаш ја добиваш Тора, без какво било задржување и чекање. Тоа значи дека Создателот се наоѓа тука како наш гарант. Затоа се вели однапред: „Прифатете ги условите на заемната гаранција и добијте Светлина која враќа кон Изворот“. Создателот оди со тебе, само ти мораш да бидеш малку понапред. Ако тоа го сакаш, тогаш сè ќе добиеш.

Од лекцијата по статијата „Заемна гаранција“, 30.05.2014

На врвот на возбудувањето

„Големиот коментар“ е книга, напишана пред околу 3.600 години. Подоцна таа не еднаш се дополнувала, но почетокот на нејзиното создавање се совпадна со излегувањето на Авраам од Вавилон и уништувањето на вавилонското царство како последица. „Големиот коментар“ е хроника која ја прати историјата на народот во текот на долги години до неговото излегување во египетскиот прогон. Во него е речено дека кога жртвените животни биле подготвени дошол редот на Аарон да ја започне службата. Меѓутоа тој стоел неподвижно. „Излези, Аарон! – викнал Мојсеј. – Зошто чекаш? Избран си за врховен свештеник. Собери храброст и почни ја службата!“ Но Аарон продолжувал да неодлучно да стои бидејќи секој пат кога го гледал жртвеникот, тој попримал форма на бик.

Прашање:  Како човекот го чувствува во себе фактот дека жртвеникот поприма форма на бик?

Одговор: Кај мене овие зборови не предизвикуваат никакви асоцијации со биковите. Прво, се зборува за еден човек. Но бидејќи тешко ни е да замислиме дека опишаните дејства се случуваат во еден човек, ајде да си замислиме повеќемина луѓе кои доживуваат и чувствуваат сè како еден човек, до таа мера нивните чувства се заемни, а чувствата изострени. Тие како еден човек почнуваат да се креваат себеси поделувајки се на народ (Исраел), левити кои му служат на народот, и коени – виш слој на служба во човекот. Затоа што во човекот, т.е. во заедничкиот лик на Адам, во заедничкиот парцуф постојат три нивоа: НЕХИ, ХАБАД, ХАГАТ.

Всушност ние цело време го составуваме ликот на целосниот Човек – Адам. И тие исто така почнуваат да чувствуваат дали се искачени до нивото на Аарон за да стапат во контакт со Создателот. Нивна задача е да достигнат спојување меѓу нив бидејќи само соединети тие последователно се искачуваат од нивото на народ на нивото на левити, потоа на нивото на коени, од нивото на коени – на нивото на Аарон, а потоа веќе го достигнуваат нивото на Мојсеј. Така тие го решаваат проблемот на соединувањето и во нивното општо единство кое се нарекува Мишкан се пројавува Шохен. Шохен (од зборот – тој што слегува, се пројавува) е Создателот кој се чувствува во човекот како слегува во ова место и го исполнува, како магла што ја исполнува долината.

Од ТВ емисијата „Тајните на вечната Книга“, 30.05.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica