16.05.2011 -
Прашање: Како да се учиме од прикривањата, да ја претвориме својата егоистичка желба во светла, алтруистичка?
Одговор: На почеток Светлината се прикрива себеси и од тоа прикривање човекот треба да учи како да се сокрие себе (својот егоизам) од Светлината и самиот да се издигне над него кон Светлината. Тоа значи дека екранот „кој се прикрива" преминува во екран „кој се открива". Но, што открива тој? – степенот на моето давање!
Доаѓа Светлина и дејствува врз мојата точка во срцето, на искрата од скршениот екран. Во таа Светлина јас постепено почнувам да откривам потреба да го обновам скршениот екран. Јас навистина сакам да го достигнам давањето, колку што таа моја желба може да биде вистинска. Затоа што сите наши поправања секогаш почнуваат со „ло лишма", со егоизам, а потоа преминуваат во „лишма", во давање. И ако јас уште не сум поправен и се наоѓам во „ло лишма", не можам да барам вистинско давање, „лишма", како што детето не може да побара да стане возрасен човек, не знаејќи што е тоа.
Но, тој треба да дава напор според своето ниво и тогаш Вишата Светлина ќе го направи тоа за него, согласно редот на нивоата. Дури тоа барање и да не биде 100% вистинско. Има огромна разлика меѓу нивоата и јас не можам да барам нешто од 30-ото ниво ако се наоѓам на 29-то. Но на своето 29-то ниво јас сакам да го достигнам 30-ото, но како да го направам тоа ако не се наоѓам таму и не знам какво е тоа? Ако се поништам себеси во однос на АХАП на следното, 30-то ниво (неговиот низок дел се спушта во мене) и тоа е доволно за да го добијам целото тоа ниво.
Затоа што АХАП на Вишиот, спуштајќи се кон мене свети според силата на мојата желба, „авијут". И ако ја поништам во однос на АХАП на Вишиот – неговите темници, степени на неговото давање, со кои тој ме осветлува, тоа е доволно. Вишиот ми е омразен заради своето високо давање и јас не можам да го оправдам, но опкружувањето ми дава сила, истакнувајќи ја важноста на тоа себепоништување пред Високиот. И со помош на таа сила јас се поништувам себеси и се прилепувам кон Него, како капка семе во мајчината утроба.
Опкружувањето ме издига на повисоко ниво, убедувајќи ме за неговата важност.Тоа е способно да стане посилно од мојата природа и тоа сега со својата реклама ме принудува да купувам илјадници работи кои не ми требаат. Опкружувањето ги менува моите вредности, а согласно со нив врз мене дејствува Вишата Светлина.
Секогаш од опкружувањето добивам желба и потреба за работи за кои сам никогаш не би почувствувал дека ми недостигаат. Мене никогаш не би ми текнало самиот да се поништам пред АХАП на Високиот.