Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Метод на поправка во средната линија

До Баал ХаСулам постоеле два метода на исправување (изучување на кабалата) – преку разумот (методот на АРИ) и преку срцето (методот на Баал Шем Тов). Баал Ха Сулам ги зема овие два начини и ги обединува во средната, трета линија, создавајки ефективен, точно одреден, едноставен метод, соодветен на современите души. И само благодарение на него, ние можеме да го достигнеме исправувањето.

Кабалата како наука, е базирана на АРИ, додека внатрешната работа е земена од Баал Шем Тов. Баал Ха Сулам ја пишува книгата "Учение за Десетте Сфироти" врз основа на "Дрвото на животот" на АРИ, прилагодувајки ја за нашего поколение. Но ако се земе целокупното негово учење во збирки, тогаш 4 дела: "Учение за Десетте Сфироти","Паним Меирот", "Вовед во науката Кабала" и "Вовед во коментарите на Сулам" – се посветени на "физиката" на вишиот свет и се базирани врз учењето на АРИ, додека сите останати статии се посветени на внатрешната работа на човекот и базирани врз методот на Баал Шем Тов.

Светлината на исправувањето ни доаѓа од изучувањето на "физиката" на вишиот свет – но таа доаѓа само преку групата! Ако групата не е организирана правилно, не се обучува заедно и не посакува да се обедини – невозможно е да се привлече светлината. Групата - е токму тој магнет кој ја привлекува врз себе светлината, која враќа кон изворот. И таа мора да има таков облик, за да биде подготвена за исправување, сите мора да го очекуваат! Нам ни е потребно да откриеме:

1) своето зло и недоволното соединување,

2) посакуваната состојба – состојбата на глобалната поврзаност – и да чекаме, дека ќе преминеме од првата состојба во втората со помош на силата, која се нарекува "светлина, која враќа кон изворот".

Групата е обврзана тоа многу јасно да го разбира, поинаку каква светлина ти можеш да привлечеш? Духовниот сад, желбата - треба да и претходи на светлината. За тоа е создадена целата творба и се развива од самиот свет на Бесконечноста – за да создаде потреба за откривање на Создателот во суштеството. Нам не ни е потребно да го откриваме Создателот, не ни е потребно да ја откриваме светлината! Потребно ни е да го откриеме суштеството! Да сфатиме, дека суштеството е создадено не за да остане точка и да живее како животно – предодредено му е да стане личност, самостојна, и да ја поседува слободата на вољата. Затоа, нашата желба треба да предизвика дејство одозгора ("кли кодем ле ор").

Од утринската лекција 09/08/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica