08.05.2011 -
Баал ХаСулам, весник "Народ":
"Единствена надеж: на основен начин да се разработи за себе ново народно воспитување, одново да се открие и да се разгори природната народна љубов, која е изгасена однатре, одново да се оживеат тие народни мускули кои не функционираат веќе две илјади години, искористувајќи за ова секакви соодветни средства".
Прашање: Што е тоа „народна љубов"?
Одговор: Братска љубов. Во секој народ е поставена своја љубов, бидејќи народите произлегуваат од седумдесетте корени на Зеир Анпин. Во тие корени има место за секој народ и затоа луѓето чувствуваат припадност кон заеднички корен.
Без разлика на егоизмот и индивидуализмот кој силно се пројавува во секого, во секој човек има чувство за припадност кон определен народ. Ова чувство е присутно кај сите народи освен кај еврејскиот. Затоа што Израел – тоа не е народ, тој нема корен од седумдесетте корени. Од сите народи кои го населувале Древниот Вавилон, Израел бил составен од луѓе со точки во срцето.
Тие се одделиле од другите и се обединиле меѓу себе благодарение на таа искра. Кога гори искрата внатре и ги обединува, тие живеат на духовното ниво, поврзани со своите точки во едунствена душа. Кога пак, оваа душа се руши, нивниот сад исчезнува и тие паѓаат во обични желби – желби на народите. И тогаш Израел не е народ, затоа што нив ништо не ги обединува, освен омразата на другите. Само надворешниот притисок ги одржува заедно.
Ако притисокот попушти, тие истиот момент се расејуваат колку што можат подалеку еден од друг. Нив им е добро и удобно само кога нивната врска слабее. Тоа го гледаме по Евреите кои живеат меѓу други народи. Кога Израел пак ќе стане народ? Само тогаш кога ќе се обединат околу посланието кое Авраам им го оставил во нивната основа: „Сакај го ближниот како самиот себе".
Притоа, ова е потребно да се направи не за себе, туку за светот. Затоа што се наоѓаме на етапата на последното избавување, на последното поправање кое треба да го опфати целиот свет.
Баал хаСулам за тоа пишува во статиите „Дарување на Тората" и „Гаранција": Израел мора да бидат сплотени, за со нивно посредство Создателот да ги исправи сите. Посакувајќи да се поправат себеси, Израел го качуваат МАН, молба за целиот свет – и тогаш ја добиваат Вишата Светлина која се враќа кон Изворот.
Оваа Светлина поминува преку „шаблон" наречен Израел и добива правилна форма на единство. Целата Светлина сама по себе е апстрактна, без форма, а овде таа добива форма која се нарекува „Машиах" и тогаш ја поправа целата огромна желба на народите во светот. Ако дејствуваме на тој начин, тогаш ние сме Израел. А ако не, тогаш добиваме несреќи и удари, како од Вишата Светлина, така и од народите од светот. Затоа што ние сме на средина меѓу нив.
Или ќе ја исполниме задачата од координаторот или ќе бидеме полошо од сите и ќе страдаме од сите: од Создателот директно, а индиректно од другите.
Светлината мора да си најде сад, а додека не најде, нема да се смири.