Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Микрочипот на мојата душа

 06.03.2012-

Желбата за духовност не се наоѓа внатре во материјалното тело. Желбите воопшто не се внатре во телото.

Прашање: Еднаш гледав филм каде што инсталираа микрочип во мозок на мајмун, и како резултат си зема банани користејќи вештачка рака. Тогаш сфатив дека моето тело не постои бидејќи може да биде исто толку вештачко. Во овој случај, каде се наоѓа желбата да се открие Создателот која сега ја чувствувам во мене?

Одговор: Желбата за духовност не се наоѓа внатре во материјалното тело. Желбите воопшто не се внатре во телото. Го заменуваме биолошкото, живо тело, кое функционира според природните инстинкти, карактерот и склоностите кои ги одредуваат неговите природни желби и потреби со желбата која е исклучена од телото и припаѓа на постигнувањето духовност.

Нашето тело е животно, како мајмунот со бананата. Но кога ќе се разбуди нова желба во нас, над нашите животински потреби, таа е на целосно различно ниво и не е внатре во телото. Телото може да живее или да умре, но ништо не се случува со духовната желба. Животинското тело живее и умира, и сите негови животински желби, стремежи и цели умираат заедно со него. Но исто така постои желба наречена „точката во срцето“ која мора да ја развиеме. Ако ја поврземе со други желби како неа, кои постојат во другите, тогаш ќе изградиме заедничка желба од нив во која е можно да се открие духовниот живот.

Имам капка духовно семе, наречено „точката во срцето.“ Можам да му помогнам да расте со додавање повеќе и повеќе „месо“ во него, исто како што бебето расте од капка семе во мајчината утроба. Па како можам да го прикачам духовното месо на мојата точка, капката духовно семе? За да го направам тоа морам да се поврзам со другите. На тој начин ќе го изградам садот на мојата душа и ќе почнам да живеам во него, внатре во оваа нова желба која ја имам собрано.

Ако не го изградам, тогаш ќе останам таа првична капка семе, само со информацискиот ген Решимо, и повторно ќе се вратам и ќе поминувам низ животните циклуси, еден по друг, добивајќи можност да ја развијам таа капка. Моето животинско тело само ја придружува капката семе, точката во срцето. Затоа, престани да се фокусираш на твоето тело и дај му го тоа што треба да го добие за да живее нормален живот. И посвети го целото твое внимание на точката во срцето, како да ја поврзеш со други точки за да изградите општ сад од нив за откривање на духовниот свет. Што се однесува до микрочиповите, остави им ги на мајмуните.

Од Арава конгресот - 24/02/2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica