Одговор: Јас сум во желбата за примање и ги откривам скршените Решимот (сеќавања) што значи дека чувствувам дека моето поврзување со околината и Создателот се скршени. Затоа се трудам да се поврзам со околината за да станам достоен сад за Создателот, за Светлината. Да речеме дека со тоа што работам над мојата скршена желба, замолив и го стекнав влијанието на Светлината која ја поправила мојата врска со скршените садови кои се блиску до мене, и сме поврзани и сме постигнале поголема компатибилност со Светлината. Сега садот кој сум го поправил е исполнет со Светлина од Нефеш. Така ја исполнувам скршената желба која ми е откриена. Ова значи дека сум проживеал еден животен век и сум извршил поправање. Сега ми се открива следното ниво. Претходната желба умира, не ми треба повеќе. Светлината која излегува од претходниот духовен Парцуф и се открива во следното Решимо е поголема и понапредна. Ова значи дека е дури повеќе скршена! Но со искуството што го имам од претходниот живот, веќе знам како да ја поправам. Затоа, продолжувам да напредувам и да се поправам себеси.
Морам да ги поврзам скршените садови кои уште повеќе се спротиставени еден на друг и да барам Светлината да нè поврзе. Затоа животите поминуваат еден по друг сé додека не го постигнам моето целосно поправање. Тогаш, скршеното Решимот престанува да се буди и открива бидејќи сум го поправил скршеното, што значи дека сум поминал низ сите животи. Овие животи немаат никаква врска со нашето тело кое живее како животно. Слично е на животно бидејќи нашиот живот го симболизира напредокот на желбата за примање. За разлика од неживата, растителната и животинската природа, ние сме посебни животни во кои желбата за примање постојано се менува и на крајот стигнува до ќор – сокак, кој го чувствуваме денес. Наеднаш сфаќаме дека тоа не е живот и не разбираме каде одиме. Страдањата нè обврзуваат да почнеме да прашуваме за значењето на животот, за неговата цел и корени. Во желбата која се развива преку неживите, растителните и животинските нивоа, веќе постои почеток на нов копнеж кој нè тера да прашаме за тоа што има на нивото над нас.
Од првиот дел на дневната кабала лекција 08/06/12, Записи на Рабаш на Каб.Тв