-24.03.2012
Прашање: Мислам дека можам да се држам до помислата дека сé доаѓа од Создателот. Тоа што не можам да го разберам е како да ги прифатам со љубов немирите кои ми создаваат болка? Сфаќам дека се добри за мене со мојот ум. Но како можам да додадам љубов? Каде е оваа љубов?
Одговор: Не ја довршуваш активноста, затоа не чувствуваш љубов. Сфаќаш дека немирите веројатно доаѓаат од Создателот, и дека наводно, тоа е добро. Знаеш дека не можеш да му избегаш на немирот, па го прифаќаш. Не го завршуваш со љубов. Не го процесираш тој немир заедно со групата и не го вртиш наопаку, и со тоа да го примиш немирот како израз на љубов. Како кога родителите казнуваат дете, тоа треба да сфати дека тоа го прават затоа што го сакаат. Не го казнуваат него, туку неговото его. Дури сакаат да го издигнат детето над неговото его. Кога ќе се подели на два дела, „ова е моето его а ова сум јас“ и ќе сфати дека немирите се спротивност на егото, тогаш неговото „Јас“ е поблиску до Создателот и чувствува љубов.
Замисли дека си паметно дете кое сфаќа: „Моите родители треба да ме казнуваат за да ме спречат да се однесувам лошо. Не ме казнуваат мене, туку едноставно ми даваат шанса да го надминам моето его.“
Коментар: Кога јас бев дете немав никаква идеја дека некој се поврзувал со мене со љубов. Сé што гледав беше казна.
Одговор: Тогаш стани попаметен! На крајот на краиштата, треба да пораснеш! Треба да дојдеш до состојба кога ги примаш најголемите проблеми и немашности како огромна љубезност и љубов. Многу сум сериозен. Сé зависи само од твојата перцепција! Постоиме во поле на бескрајно добра Светлина. Ништо друго не постои во целиот свет освен ова. Само бесконечна љубов и бесконечна добрина! Но нашата перцепција има маани, и како резултат ги чувствуваме спротивните чувства. Ако се изградиме одново и научиме да разбираме, наместо омраза ќе чувствуваме љубов, наместо зло – добро, и наместо страдање – задоволство.