- 25.05.2012 Прашање: Запишано е во Тората: „Јас сум твојот Господар“, што тоа всушност значи?
Одговор: Тоа значи дека Создателот контролира сé. Ако мислиш дека мислите или желбите што ги имаш, или делата што ги правиш се твои, тоа е само затоа што си збунет и си во заблуда дека тоа си ти. „Ти“ всушност воопшто не постоиш.
Прашање: Па кога станувам вистинскиот Јас?
Одговор: Ако станам еднаков на Него, тогаш Тој и јас „звучиме“ во дует. Јас всушност не постојам. Мојата слободна волја, мојата независност, постојат само да го извршувам свесно и доброволно она што Создателот го прави со мене. Не сум ништо повеќе од „зомби“, но дадена ми е шанса да ми порасне „глава“, механизам, разбирање и препознавање за да можам да сфатам каде сум, кој ме создал и кој ги извршува овие дела. Тоа ми е дадено за да се согласам или да не се согласам со Неговите дела, за да можам да го прифатам и да го чувствувам како добар, да се идентификувам со Него и да ја сакам само Неговата целосна контрола. Тогаш ќе видам дека Тој се повлекува и не сака да ме контролира бидејќи сега сакам да се контролирам себеси онака како што тој ме контролирал и на ниеден друг начин. Ова значи дека сум залепен за Него. Тој прави простор за мене до тој степен до кој се согласувам со Него. Тој ме создал. Јас сум целосно под Негова контрола, и Тој сака само да ја изгради оваа „глава“ од мене, сфаќањето и препознавањето, за да личам на Него, да бидам како Него. Со оваа цел јас можам да се приклучам во играта – постојано се согласувам или не се согласувам со Него, со цел да го разберам преку овие промени и на крајот да ја сакам со срце и душа Неговата контрола врз мене. Во секој случај, никогаш не се одделуваме од Создателот – Тој е првиот и последниот, нема никој друг освен Него. Единственото нешто што недостасува е нашето препознавање на силата која нè контролира.
Прашање: Но нели таткото сака син му да биде независен? Нели му ја пушта раката и го остава сам за миг? Не можеме да делуваме самите ние, дури ни во дарувањето?
Одговор: Ако Создателот нè остави, ќе исчезнеме од ХаВаЈаХ, од постоењето. Тој создава илузија на тоа дали се согласувам или не се согласувам со Неговите дела со цел да овозможи растење на „глава“ во прилог кон „стомакот“. Прво се грижевте за исполнување на вашите желби, сега ви се дадени сомнежи и отворен е простор од кој Тој се чини дека е отсутен. Затоа Создателот ве крева во мали делови на замислена независност, постигнува договор додека сте или задоволни или незадоволни од Неговата контрола. И така, спротивно на религиите, доаѓаме до критично разјаснување и испитување, и на крајот постигнуваме договор, и од тоа постигнуваме слепување кога контролата на Создателот врз нас ја чувствуваме како несомнено добра и апсолутна. Ова всушност потекнува од првичното незадоволство и моето одбивање на Неговите дела. „Како корист на Светлината од Темнината – постојано се обиднувам да разјаснам нешто, се сомневам и го презирам Создателот, не се согласувам со Него и го колнам, додека не постигнам спојување со Него. Затоа се вели дека „мислењето на Тората е спротивно од мислењето на господарите“. Човекот кој се развива според мудроста на кабалата личи на вистински „престапник“, бидејќи поминува низ такви сомнежи и сериозни прашања, но без тоа не може да постигне спојување.
Од третиот дел на дневната кабала лекција 25/0520/12, „Писанија на Рабаш“