29.08.2011 -
Прашање: Кога многу луѓе седат во топла просторија, ќе се најде некој на кого му е ладно и ќе ги натера другите да го вклучат клима-уредот. Да речеме, голем дел од човештвото е способен да се адаптира на промените кои настапуваат. Но, што ќе се случи со оние кои се заглавени и не се спремни да ја напуштат денешната ситуација?
Одговор: Важно е да се поправиме себеси, а не светот. Точно е дека јас сакам да предизвикам надворешни промени и се обидувам да им помогнам на луѓето во сфаќањето на процесот и методиките на самопоправање. Но, всушност, јас се грижам само за своето поправање. Јас не го поправам ближниот. Му ја предавам методиката, во колку што е можно поблага форма, но јас не го поттикнувам на дејствие – тоа веќе си е негов избор.
Затоа луѓето кои под никој услов не се спремни за промени, ги оставаме на мир. Тие уште не се созреани. Распространувајќи ја кабалистичката метода, ние ја оставаме на увид на секого. Не еднаш сум рекол дека не ми е важно како луѓето ќе ја сфатат нашата порака. Јас ги слушам нивните одѕиви само за да го подобрам давањето: да изложам нешто ново, да одговорам на некое прашање. Но, ако јас од себе давам сто проценти, а човек сепак ги отфрла и ги презира моите зборови, јас кон се однесувам со почит. За мене тоа е знак за успех, затоа што сум успеал да допрам до него и во него се појавил отпор. Тоа е неговата вистинска реакција денес и тука нема што да се прави.
Ние се обраќаме кон надворешниот свет само за да се подобриме себеси. Ако сме се подобриле, колку што е можно тоа, тогаш јас немам никакви барања кон луѓето поврзани со нивните одговори. Таква е денешната состојба на заедничката Малхут, на тој начин таа се појавува. Ќе почекаме уште една година, уште пет години. Ако, пак, ние го кренеме стапот, тоа ќе биде принудување, нема да му оставиме можност за слободен избор на човекот.
Од утринската лекција според весникот “Народ“ 29.08.2011