Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Моменти на вистината

01.04.2011 - Прашање: Зошто мудроста кабала била скриена низ милениумите?

Одговор: Мудроста кабала била скриена илјадници години бидејќи нашиот егоистичен развој во овој свет морал да ја достигне својата крајна граница. Стигнавме до состојба кога секој од нас, како изолиран егоист, има поминато низ егоистичните тежненија за храна, секс, семејство, богатство, слава, моќ, и знаење и сега знае дека никакви овоземни задоволства веќе не можат да нé исполнат. Тоа е проблемот на егоистичниот развој. Без разлика колку напредуваме во нашиот егоизам, пак се чувствуваме неисполнети.

На крај, не можам да се исполнам во моето его бидејќи задоволството со кое се трудам да ја исполнам мојата желба веднаш ја гаси таа желба поради нивната спротивност, како во краток спој. Желбата е недостиг на исполнетост, „минус," додека задоволството е исполнетост, „плус." Кога ќе дојдат во допир, меѓусебно се неутрализираат. Затоа чувствуваме дека во моментот кога ќе достигнеме некакво задоволство од храна, секс, или други овоземни задоволства, тоа почнува да спласнува.

Но во секој случај, сите наши обиди да добиеме задоволство од храна, секс, семејство, богатство, чест, моќ, или знаење биле неопходни. Но, сега мораме да се издигнеме од оваа егоистична состојба до нивото на меѓусебно единство. Тоа значи, во помала или поголема мера, веќе сме спремни да признаеме дека овој живот не ни дава задоволство, и на крај чувствуваме празнина, „минус."

Тогаш доаѓаме до ново ниво. Откриваме дека секоја клетка на општиот организам може да постои само ако е поврзана со другите. Затоа мудроста кабала била скриена додека не се појавила голема потреба за обединување. Денес во сите области од нашиот живот откриваме дека сите сме поврзани и не можеме да избегаме од нашата глобална меѓусебна зависност. Никогаш во историјата луѓето не се чувствувале толку зависни едни од други. Затоа, мудроста кабала сега посебно се открива за да го претстави методот на правилното обединување.

Од Лекција 1, WE! Конгрес во Њу Џерси 1.4.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica