Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Мојот пријател е претставник на Создателот!

alt-25.05.2012 Прашање: Како да работиме за време на семинарот, како да се слушаме еден со друг?

Одговор: Пријателот може да каже нешта кои или ќе ги сфатам или не. Тој кажува работи кои мислам дека се супер, или пак будалести. Во секој случај, ја сега го перцепирам како манифестација на претставник на Создателот: Создателот преку него влијае врз мене. Ако ми е одбивен неговиот изглед, израз, вистинското значење на неговите зборови и сè останато, можеби не го сфаќам или сакам. Ова е прекрасна вежба! Треба да се издигнам над ова!

Ако тој е претставник на Создателот, бидејќи „Нема никој друг освен Него“, посебно на настан како овој во кој учествуваме, тогаш треба да го издигнам мојот пријател и да пробам да ја пробијам духовната суштина низ него, која се покажува себеси на овој начин. Морам да се издигнам над себе до состојба каде што ќе перцепирам сè во неговата апсолутна добрина, апсолутно давање и апсолутен духовен квалитет – покрај сè што чувствувам внатре, покрај фактот што ја немам. И многу е добро кога овие два квалитети се појавуваат во мене: мојот егоистички став кон пријателот, кога сè што гледам во него не прифаќа никаква критика, и од друга страна, спротивно на тоа, кога се однесувам кон него со верба над разум, како претставник на Создателот, бидејќи не треба да постои ништо од секој во светот кој можеби е зол, лош и несовршен. И ако тоа постои во мене, тогаш е мое; гледам во него со мои очи.

Затоа ако сум способен да ги забележам овие две состојби во мене, тогаш веќе сум извршил некаква духовна работа. Мора да ги ставиме заедно сите највисоки и најниски критични состојби во врска еден со друг, и ќе имаме заеднички сад – Малхут, кој е на дното и се состои само од непријатни работи – и ќе продолжи да станува сè посветол и полош во нас, и над него ќе можеме да се издигнеме до Кетер. Тогаш ќе достигнеме толкава разлика меѓу нив, толкава тензија, што ќе ја изедначи состојбата кога опкружувачката Светлина ќе се претвори во внатрешна Светлина и ќе осветлува таму. И тогаш ќе го постигнеме првиот духовен степен. Како делуваа ова?

Ги креваме МАН кон Малхут од светот Ацилут, кој нè поврзува заедно, и таму одново почнуваме како новородени. Човекот не може да се роди сам, минимумот е десет луѓе.

Од виртуелна лекција 25/05/12

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica