15.03.2011-Создателот создал една желба која отпрвин била сосема во единство со Светлината што ја создал, во спој одржуван од моќта на Светлината. Тоа е првобитната и, од страната на Создателот, апсолутно совршената состојба, но, создаденото суштество не ја чувствува.
Тоа е затоа што таа состојба е создадена од Создателот, и суштеството не е свесно за неа. Во суштина, во тоа сеуште нема создавање; има само нешто што е создадено и постои заради силата што го зачнала. Така создаденото суштество треба да помине низ долг процес за да добие самосвест, а на тој пат има неколку стадиуми.
Прво, се чини како воопшто да не постои, како „постоење на отсуство" (Јеш Ми Аин). Меѓутоа, на крај, суштеството ќе стане „постоење од постоење" (Јеш Ми Јеш), што значи како Создателот. Суштеството оваа несогласност, од Јеш Ми Аин до Јеш Ми Јеш ја надминува постепено, чекор по чекор, на крај добивајќи друга природа: природата на Создателот.
Меѓутоа, за да го постигне тоа, мора независно да делува за да се спознае себеси: што е созданието, Јеш Ми Аин, и Создателот, Јеш Ми Јеш, и како тие се разликуваат. Мора постојано да ги проценува тие две состојби така што ќе се согласува со нив или не, т.е. изразувајќи ги своите желби, откако добило слободна волја. Така, суштеството уште повеќе се доближува до обликот на Создателот и го прифаќа не затоа што е попријатен и покорисен (т.е. не заради своето природно егоистично тежнение), туку затоа што навистина ги стекнува својствата на Создателот, својствата на чистото давање.
Сè заедно, достигнувањето е возможно само со еднаквост во обликот. Инаку, ништо не може да се достигне, ниту Создателот, ниту Неговите одлики можат да се сфатат ако некој самиот ги нема. Затоа, за создаденото суштество во целост да го достигне Создателот и да му стане истоветно, Создателот ја дели состојбата која ја споделува со создаденото суштество на повеќе делови, последователни состојби, и разни желби и мисли. Тоа може да се визуализира како коцки за градење или сложувалка, но не со две или три димензии, туку со безброј димензии. Секој дел од оваа сложувалка има безброј страни и со секоја од нив се поврзува со сите други така што никој нема ниедна своја, туку горниот дел секогаш е поврзан со тие над него а долниот со тие под него.
Сите се поврзани на таков начин што никој нема нешто што му припаѓа освен едно: самата централна точка на Табур (папокот). Тоа е местото каде секој решава како ќе учествува независно, со своето лично сфаќање и свест, и ја достигнува оваа меѓусебна врска каде несакајќи ќе се најде за сета своја сила и желба да ја даде за одржување на таа врска.
Од 1от дел на Дневната лекција од Кабалата 15.03.2011, според статија на Рабаш