Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

На грешките од минатото

04.02.2010 -

Прашање: Многу ме загрижува прашањето: дали може да се случи во нашето искачување погоре и погоре да почувствуваме толку силна омраза еден кон друг да повторно паднеме во состојба на прогонство, како што веќе било при уривањето на Храмот? Се испоставува дека ние ништо не учиме од грешките во минатото.

Одговор: Бидејќи секој пат ние влегуваме во растечкиот егоизам не можеме да учиме од минатото! Тоа треба добро да го знаат сите. Баал ХаСулам пишува за тоа дека се можни трета и четврта светска војна.

Прашање: Но како ние можеме тоа да го спречиме?

Одговор: Само со ширењето на науката кабала! За секој да ја знае до потребен степен. Само тогаш тој ќе може да не прави катастрофални грешки.

Прашање: Зар е невозможно да се научиме на грешките од минатото? Зошто ние веќе некогаш паѓавме во прогонство...

Одговор: Човештвото не учи од грешките од минатото затоа што секој пат се открива сé поголема желба за насладување и тоа не може да учи од тоа што се случувало во помалата желба. Исто како што возрасен човек не може да учи од мало дете.

Ако секој пат ти престојуваш во поголема желба за насладување, во поголем егоизам, не можеш да го земеш предвид помалото его во кое си бил вчера и завчера. Тоа не може да ти служи за пример кој би те обврзувал соодветно да се однесуваш кон животот. Не може! Затоа што денешното, многу поголемо его ти вели: "Раскини го овој свет на делови! Прави што сакаш!". Потребна е многу разнолика работа пред тоа да се оствари.

Од утринската лекција од 04.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica