Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

На прагот на неочекувани откритија

15.03.2011 - Прашање: Во текот на лекцијата од Зохарот, милиони гледачи гледаат чудни букви, слушаат чудни зборови, и очекуваат нешто, но не можат да го дефинираат. Тоа ли е она што го викате научен метод?

 

Одговор: Прво, обичен човек живее според своите инстинкти и сфаќа сé на природен начин. Така го учеле во домот на неговите родители.

Второ, човек кој ги проучувал науките на овој свет, знае како да се постави кон природата врз основа на научното знаење што го стекнал. Тоа е инженерски пристап. На пример, некој механичар, електричар, или специјалист во било која друга област кој добил соодветно образование, може да врши мануелна или интелектуална работа, има алатки за работата, и така го формира својот став кон природата. Не му е дозволено да работи со нешто непознато, и дури откако неговото знаење и искуство ќе бидат проверени е прифатен да работи во одредено поле.

Да речеме дека некој студирал механика и сега може да поправа мотори или посложени направи. Тој стекнатото знаење го употребил во својата работа, но е повеќе или помалку свесен за тоа со што си има работа.

Трето, научник е личност која открива нешто претходно непознато, појава која не можела да биде предвидена однапред. Понекогаш, може да чувствува, нагодува, или да биде поттикнат за нешто, но тој самиот нема јасни внатрешни дефиниции за тоа. Тоа е она што го викаме откривање на нови појави во Природата. Тука се јавува прашање: Како да најдам нови појави? Морам да се наштимам со нив, но што значи „со нив" ако се нови? Треба ли да очекувам одредени резултати, откритија, и настани кои можат да се случат, или да не очекувам?

Затоа, науката има два дела. Тука е теоријата во која се прават хипотези и подоцна се истражуваат. Така се откриваат нови појави. Тоа е поголемиот дел од науката која се гради врз испитувањата на идеите кои научниците ги имаат во врска со очекуваните откритија. Без тоа, напредокот е невозможен.

Меѓутоа, има и научници кои трагаат во целосен мрак. Тие немаат прелиминарни теории, хипотези, и идеи за можни наоди. Кабалата е наука, и ние ја користиме во сите гореспомнати облици: како обични луѓе, како специјалистите што ја проучуваат, и како научници кои на некој начин можат да ги визуализираат појавите кои може да дојдат. Тука лежи проблем: Во сите наши студии, почнувајќи со обичните луѓе како во нашиот свет и се до големите научници кои не знаат каде одат и што ќе најдат во природата, и на сите овие нивоа во науката на Кабалата, има непредвидлив дел за кој ништо не знаете. Што е непознато? Не знаете кое својство, каква појава навистина ќе најдете внатре бидејќи го немате тоа својство. Не можете дури ни да го замислите.
Сепак, тоа ќе го откриете во Кли (садот) на осознавањето што го градите, додека појавата е самиот сад.
Не можете да насетите што точно ќе се разоткрие во вас бидејќи досега не сте го почувствувале, немате интуиција, и не можете ни да погодувате. Тоа е нов Кли,нов сад. Впечатокот, чувството е сосема ново. Така напредуваме во науката кабала. Дури и во нешто мало и едноставно, нема ништо што можеме да го знаеме однапред. Затоа, нашиот пристап кога го читаме "Зохар" е исправен.

Очекувам Светлината што поправа да дојде и да ги поправи моите Келим, моите желби. На пример, не можам да видам ништо без моите очила. Има нешто пред мене, ама ми треба направа за да го видам. Ги ставам очилата и гледам нешто ново. Затоа, кога го читаме "Зохар" и ги гледаме „мртвите" букви и текст кои немаат никаква смисла за нас, мораме да им пријдеме како научници од највисок ред кои ќе откријат нешто што досега не го сретнале.

Од 2от дел од дневната лекција од 15.03.2011, Зохар

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica