Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

На прагот на новиот свет

08.12.2010 -

Прашање: Зошто Создателот не казнува уште пред да почнеме нешто да сфаќаме? Зар така се постапува со неразумно дете?

Одговор: Невозможно е да се равиваме поинаку. Зошто ти не негодуваш, дека детето толку бавно расте, причинувајќи ни толку проблеми и повредувајќи се. Но тоа е единствениот начин да ги дознае своите келим/желби. Цел живот не придружуваат болката и маката – тоа се нарекува дознавање, и нема што да се прави.

Но кога, конечно го достигнуваме духовниот развој, доаѓаме во групата и сакаме во неа да го откриеме духовниот свет, Создателот – видете, колку забуни постојат на почеток: ги влечеме со себе сите претходно добиени религиозни митови и стереотипи за духовното, и воопшто не разбираме што е тоа. Зар сето тоа е направено, зар не можеле да ни дадат точна карта на патот за да се движиме сигурно и смирено?

Но ние не го разбираме вишиот програм: секој чекор, каде што секој пат ти се сопнуваш – тоа е место за дознавање. Ти се збунуваш и се вртиш на едно место секој пат, како да се враќаш кон истото – но тоа не е истото, секој пат тоа се нови дознавања. Човештвото целосно лута во мракот, збунето од сите можни верувања и предрасуди - и колку долго ќе потрае излегувањето од овој хаос?

Ништо не може да се стори, таков е патот на развојот. Но сега, во наредните години ќе се случуваат многу големи и брзи промени. Ние мислиме, дека светот ќе се развива со истото темпо, како и порано – но не ја земаме предвид глобализацијата.

Сега веќе не функционираат некои си одделни ситни закони за секој од "70-те народи" – туку еден заеднички закон за сите. Се открива новиот систем на управување. Затоа светот станува глобален – тој се обединува со овој заеднички закон, со оваа сила, и го чекаат бурни промени.

Ние ќе тргнеме напред со гигантски чекори.

Од утринската лекција според статијата "Слугинката ја наследува својата господарка" /08/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica