Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Напад врз префинетоста на чувствата

alt - 21.05.2012 Прашање: Каков напор ни е потребен за време на семинарот? Треба да биде излив како на напад, или префинета внатрешна потрага?

Одговор: Семинарот и нашиот пат воглавно се целосно засновани на чувства, бидејќи појаснуваме сé што е внатре во нашиот материјал, желбата да се ужива. Желбата се согледува преку чувствување, но за да се сфатат различните состојби кои се искусени, потребен ни е умот. Умот ни доаѓа само на возвишените нивоа, кога почнуваме да ги обединуваме желбите со надеж дека ќе постигнеме поправен сад. И тогаш почнуваме да го создаваме нашиот духовен ум. Пред тоа на располагање ни е само земниот, животински ум кој ни помага да бидеме подобри слуги на егоизмот. Овој ум не се искачува повисоко од нивото на овој свет бидејќи робот се приспособува на својот господар. Затоа тие чувства и умот со кој постоиме сега се целосно ограничени од нивото на овој свет и не содржат ништо што се однесува на духовниот. И тука, не е важно колку е паметен човекот.

Ова воопшто не се поврзува со духовното. Со новите чувства и ум, со кои се поврзуваме со духовното, ние сега почнуваме да се развиваме во потрагата по заедничката точка. Оваа чувствителност мора да се локализира во областа каде што сме поврзани еден со друг, во центарот на групата. Умот ќе се појави со цел да ја открие префинетоста на ова и да ни помогне да се обединиме. Ова се духовните чувства и ум, кои ѝ припаѓаат на духовната скала. Затоа на семинарот мора да преовладува инспирацијата за единство, а не едноставен ентузијазам со надеж дека ќе се прими ново знаење и дека ќе се развиеме самите ние.

Ако го посакувам моето будење и подготовка за семинарот за да се придружам на оваа работа, тогаш од самиот почеток морам да се фокусирам само на единство. Ова значи фокусирање на важноста на единството, важноста на групата и пријателите, не посакување само да се постигне нешто сам и за себе. Штета е за оние кои безнадежно се трудат, бидејќи ќе бидат изоставени надвор од кругот.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 5/21/12 „Разговор за семинарот“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica