Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Напред кон вистината

08.02.2011 -
Прашање: Што значи да се бара помош од Светлината?

Одговор: Кога човекот почнува да ја изучува науката кабала, нему му се чини дека тој има желба. Со ентузиазам тежнее да разбере, да дознае, да направи нешто. Тој импулс му се чини вечен и пригоден за понатамошен напредок. Само по некое време човекот почнува да сфаќа дека стремежот за напредување не се пробудува во него. Таа разбиена желба тој ја добива во соработка со опкружувањето, со пријателите.

Човекот воопшто не сака да се обединува со нив со единствено срце, да влегува во заемна гаранција. Тој јасно ја гледа разбиената желба: злото, омразата наместо љубов, отфрлањето, неспособноста за обединување. Таа желба го запира човекот и тој со неа треба сега да се обрати кон Светлината која враќа кон Изворот. Но каде треба да се вратам? Кон кој Извор? Каква е оваа желба?

Тука се потребни два многу различни чекори, и границата меѓу нив е многу проблематична. За разумот тоа е поедноставно, но по чувството на човекот небаре поминува јасен видлив рез: "Се испоставува дека со мојот стремеж јас само доаѓам до точното место, но не и понатаму. Потоа треба да се здобијам со нова желба, која сега е разбиена помеѓу мене и ближните". Треба да ја откријам омразата кон ближниот и со помош на Светлината да го видам злото во неа.

Треба да откријам дека поправката на омразата е враќање кон доброто. Токму тогаш ќе ми затреба Светлината – не само наполнување, туку сила која ќе го поправи моето зло и ќе ме врати кон Изворот, кон доброто. А доброто за мене е обединување со ближниот. Тие работи треба јасно да се разберат. Треба да си појасниме дека сé е токму така и никако поинаку. И проблемот е во тоа што без поддршка од опкружувањето човекот не е способен самиот да работи врз себе. Потребна му е надворешна, физичка помош и потоа насочувајќи се кон целта тој открива внатре во групата такви нешта кои не ги забележуваат ниту пријателите.

Работата се врши и надворешно и внатрешно, но целата е насочена за да се открие местото на разбивањето меѓу нас, да се открие злото на тоа разбивање и доброто од неговата поправка. Во чувството треба да ми биде сосема јасно: еве ја болеста која ме убива и само Светлината која враќа кон Изворот може да ме спаси. Самиот јас не сум моќен. Спасот е во единството, само тоа е лекот за мене. Сето друго јас не го земам предвид, го отпишувам во колоната на нулто или негативно, лошо влијание.

Со заеднички напори ние мораме да се стремиме да го почувствуваме тоа во практиката. Тогаш ќе можеме да бараме Светлина која враќа кон Изворот. Јас не само што страдам бидејќи ми е непознато, не само што сакам нешто да дознаам, не само што се стремам кон духовноста – всушност сето тоа е исполнето со егоизам.

Не, јас се стремам кон обединување, сакам да добијам потреба во сплотување со другите. Тоа се нарекува: "молитва пред молитвата". Само со такви чекори, нека се и фиктивни, театрални, безволни - ние постепено ќе се движиме напред. Напред – кон вистината: не кон голата вистина на нашиот "стомак", туку кон духовната, автентична вистина.

Затоа е речено: "Меѓу народот свој Јас живеам". Сакате да го откриете Создателот? "Создателот" е особината на давање. Таа се открива само во нашата правилна заемна поврзаност. Колку повеќе ќе зборуваме, ќе пишуваме за неа, ќе дискутираме, колку поконкретно, подиректно, појасно тоа ќе го правиме не дозволувајќи да ни стане навика – толку поблиску ќе бидеме до реализацијата.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 08/02/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica