Сите неволји и тешкотии кои ни излегуваат на патот, за кои ни кажува книгата Зохар, се пречки на патот кон соединувањето. На крајот на краиштата, ако бевме соединети, немаше да треба сè да објаснуваме или да пишуваме за тоа. Единственото нешто што ни недостига е да постигнеме соединување – ова е правилното барање.
Ако моето барање е точно секој пат, постојано ќе бидам соединет според моето барање. Треба само да прашам, но барањето мора да биде за правилната и разјаснета апсолутна желба – релативна на состојбата во која сум. Да можев сега правилно да барам, би постигнал соединување на нивото релативно на мене, се разбира. Така желбите, условите, внатрешните и надворешните атрибути би се менувале во мене секој пат, и ако правилно барам, би напреднал право од дното нагоре преку овие точки – од една точка на соединување до друга. Значи целата наша работа е правилно да прашуваме, кога нашето барање го разјаснуваме сé поточно и попрецизно. Има многу услови за подготовка за оваа работа: Сиот овој свет, пријателите, учењето, итн, сето ова е со цел да се разјасни нашето барање. Овој свет и пријателите се составни делови на мојата желба која морам да ја разјаснам. Единственото нешто што се бара од мене е молитва – МАН. Затоа, кажано е дека секое поправање се извршува со молитва и добрите дела со кои ја разјаснуваме нашата желба.
Книгата ни кажува за желбите кои мора да ги побараме во нашите молитви. Кабалистите не пишуваат ништо друго освен тоа, бидејќи сè друго, ние ќе го откриеме самите.
Од вториот дел на дневната кабала лекција 11.09.12, според статии од Книгата Зохар
на Каб.Тв