Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Народот кој се соединува над егото

Не се работи само за еден од народите на кој наеднаш му била дадена Тора. „Израелски народ“ е мноштво луѓе кои го напуштиле антички Вавилон. Се поврзале под водството на Аврам кој ги научил да се поврзуваат преку врски на љубов над омраза. Секако тие тоа не го сакале, исто како сите други вавилонци, но го прифатиле аврамовиот метод. Благодарение на „искрата“ која е скриена во нив, тие сфатиле дека тоа е всушност метод на поправање и дека егоистичката природа, омразата им била дадена за да се соединат над неа и да изградат група во која ќе има две чувства, едното спротивно на другото: омраза долу и љубов горе.

Така тие стигнале на планината Синај, во состојба во која ние ја откриваме Вишата Сила. Кога се поврзале, почнале да работат преку поврзувањето според методот на Аврам, а потоа и Исак и Јаков, што значи во „три линии“. Во овој процес примиле зголемено „скаменување на срцето“ и во нивната работа поминале низ фазите на ХБД, ХГТ, НХЈ, вклучувајќи го и прогонот во Египет. Тоа значи дека ги чувствувале тешките внатрешни состојби и ги надминале издигајќи се над нивото его и постигнувајќи ја потребата од спојување.

Егото многу ги разделило, но сепак се труделе да се држат заедно колку што можеле, барем сочувувајќи го нивниот стремеж кон поврзување. На крајот, била создадена неопходната тензија меѓу нив – од една страна, егото кое бликнало во облик на „десетте чуми на Египет“ и недопирливиот „Фараон“ од внатре, и од друга стеана, препознавањето на неопходноста од поврзувањето кое го граделе над нив. Биле подготвени дури да одат во пустината без никаква награда, само да имаат можност да му служат на Создателот. Тоа го барале од фараонот кога Мојсеј им ја пренесе пораката на Создателот: „Ослободи го мојот народ, за да ми служат мене.“ Тогаш ја постигнале состојата во која можеле да ја примат „Тора“, односно Светлината која поправа.

Имало доволно тензија меѓу егото што било откриено и притисокот насочен кон поврзување. Им бил поставен услов – да станат „еден човек со едно срце“, да „го љубат ближниот свој како што се љубат себеси“, и тие го прифатиле велејќи: „Ќе правиме и ќе слушаме“. Тогаш почнало откривањето на Светлината која поправа, што значи дека ја примиле Тора. Така станале народ. Сега имале колективна инфраструктура што ги обединувала: Светлината.

Без Светлината, нема поврзување меѓу нив, што значи дека нема народ. Затоа, Баал ХаСулам вели дека Израел во прогон не е народ туку „вреќа со ореви“.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 10/06/12, „Арвут (заемна гаранција)“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica