Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Нашата котва

Создателот е апсолутно добро, пишува Баал ХаСулам во статијата „Суштината на религијата и нејзината цел“. Бидејќи Создателот е исконски, Тој нема од кого да прима, Тој целиот е давање. И кога веќе Тој дава, тогаш дава добро. Исконитоста значи, дека во Него нема ништо лошо. Тоа произлегува и од реалното достигнување и од разумните заклучоци. Но во тој случај, зошто ние гледаме, во нашиот свет, толку ужасни работи? Несомнено, не постои никој, освен Него – единствената Сила што дејствува. Затоа што, сè доаѓа од Создателот. Тогаш како е возможно нашите состојби ние да ги чувствуваме како лоши?

Суштината е во тоа, објаснува Баал ХаСулам, што управувањето на Создателот е намерно насочено кон една цел. За да нè учи, да нè води кон врвот на свеста и разбирањето, Создателот мора да нè помине преку различни, многу непријатни состојби. Благодарение на нив, ние почнуваме да разликуваме што е добро, а што е лошо – веќе не гледајќи од страна на нашата егоистичка желба, како што било во почетокот, туку во однос на желбата за давање. Таа скала е толку спротивна на онаа, што е вградена во нас од раѓање, што ние дури не ја сфаќаме суштината на нивната спротивност. Нам допрва ни претстои да ја откриеме, и на патот таа постепено ќе ни се прикажува во поинаква форма, поинаков облик, барајќи поинаков пристап. Впрочем, секое скалило е спротивно на соседните – како на нижото, така и на вишото. И затоа, се разбира, човекот никогаш не може да биде сигурен во ништо од она, што го доживува. Тој има само една „котва“ – нашиот свет. Тука ние сме одделени од духовното и во секоја состојба се враќаме кон таа поделба, бидејќи со секој чекор, неопходно ни е паѓање до пониското скалило, барем само за миг. Ние чувствуваме како сè што е духовно целосно исчезнува, - и тогаш се искачуваме на новото скалило.

Состојбата на „овој свет“ е посебна заради фактот, што тука ние можеме на некој начин да егзистираме без каква било намера, одделени од духовното. Нека тоа е привиден свет, но сепак ние егзистираме во него, ако така може да се рече. Потоа ние ќе видиме и ќе сфатиме, дека тоа не е постоење, не е живот, туку еден вид на „флуктуација“ (бранување), - но сепак, ние можеме да се искачуваме по скалата на поправките само ако стоиме во овој свет, чувствувајќи во него различни настани, зацврстувајќи ја групата и трудејќи се во неа да ги извршуваме потребните дејства. Тука ние спроведуваме распространување, тука сакаме да ја видиме поправката.

Заради фактот, дека сè уште не се наоѓаме во духовното, овој привиден, материјален свет станува за нас „копно“, цврсто и непоколебливо. Тоа значи, дека специфичноста на нашата група исто така произлегува од овој свет. Значи, намерно насоченото управување на Создателот нè води преку ужасни состојби, карактеристични за процесот на растење, до возвишени и сладки плодови. За тоа е речено: „Предноста на Светлината се спознава од темнината“. И ако процесот се пролонгира, тоа сведочи исто така и за висината и уникатноста на ова или она суштество. Бидејќи, колку е посложена душата, толку повеќе фази на растење ѝ се потребни. Меѓутоа, тоа нема директна поврзаност со темпото на растежот. Ние го забрзуваме времето, ако секој миг посакуваме промени. Токму затоа, ако јас сум дваесет години „во работата“ и сè уште не стигнав до некој резултат, не треба да се тешам дека имам висока душа, на која ѝ е потребно многу време за се „забрзам“. Не, за својот развој треба да судиме ако не според резултатите, тогаш барем според темпото на внатрешните промени. Токму тоа одредува дали јас се движам преку Светлина или преку темнина, по патот на Тора, или по патот на страдањата. И тука сè зависи од мојата подготовка: ако се подготвувам себеси за промени, тогаш го забрзувам времето и го претворам непосакуваниот пат во посакуван.

А всушност „непосакуваниот“ пат воопшто не постои. Човекот не може, плачејќи, да признава дека Создателот го води кон целта на создавањето. Ние не сме колона на робови, кои одат кон апсолутното добро, пратени од ударите на камшикот. Такво нешто едноставно е невозможно. Не, на секој чекор и во секој миг, јас имам избор меѓу патот на Тора и патот на страдањата. Разликата меѓу нив се одредува со мојата подготовка: дали јас сакам однапред да ја откријам својата состојба, и да видам колку таа е далеку од целта на создавањето? А целта е моето спојување со Создателот, т.е. целосна сличност со Него според особините. Како е можно такво нешто? Бидејќи Тој претставува желба за давање, а јас – желба за примање. Ние со Него сме антиподи. Суштината е во тоа, што Создателот ми праќа Светлина, која враќа кон Изворот, со чија помош мојата желба добива „форма“ на давање. Тоа исто така се нарекува „екран и одразена Светлина“. На таков начин јас станувам сличен на Него.

Но можам ли јас да се уверам, дека напредувам во правилна насока? За таа намена јас имам група, во која треба да работам. И ако јас навистина се трудам, тогаш однапред чекам Создателот да изврши врз мене неопходни дејства, да ми приреди „вежби“. Јас сум подготвен за нив, ги посакувам, и прифаќам сè со задоволство, со радост и благодарност, заблагодарувајќи се и за злото, и за доброто. Но како да се откријам себеси во тоа? Критериумот е следен: кога настанува оптоварување на срцето, јас се радувам – се радувам на фактот, што кај мене се појавило место за работа, што Создателот не ме заборавил и ја покажува пред мене висината на следното скалило. Сега ми недостасува само Светлина, за да се искачам на тоа скалило, во алтруистичка намера. На таков начин, само оптоварувањето на срцето покажува, дека сега јас можам да се искачам до особината на давање. Ете со што патот на Тора се разликува од патот на страдањата.

Од лекцијата по статијата „Суштината на религијата и нејзината цел“, 07.11.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica