Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Најголем изведувач на улогата на Создателот

26.12.2010 -

Прашање: Секој човек посакува да биде единствен и да го реализира својот посебен корен на душата и затоа го плаши објаснувањето дека тој е само запчаник во заедничкиот механизам. Тој се плаши да ја изгуби својата индивидуалност во општеството.

Одговор: Но зошто ти мораш да се изгубиш во општеството? Напротив ти можеш да станеш праведник кој се нарекува "основа на светот" – да даваш на сите и да го влечеш цел свет напред! Кој ти забранува тоа да го сториш?! За давањето не постојат ограничувања – повели, давaj! Но, ти се жалиш дека ти сметаат и не ти даваат да ги искористиш другите.

Се разбира дека никој не сака да дозволи да биде искористен. Но стани голем не во примањето, туку напротив во давањето – и никој нема да ти попречи. Може да се биде единствен во позитивна смисла, во давањето. Зошто тогаш ти е потребно задолжително да се разликуваш во негативна смисла, во егоизмот?

Секој сака да биде посебен – повели, биди! Реализирај се во духовното. Можеби човекот се плаши од изгледот на поврзаните запчаници и се замислува како робот или штрафче – но тоа е објективниот факт, слика што постои во Природата. Во Природата не може да постои добро или лошо – тоа е само констатација на фактот. Ти можеш да се согласуваш со него или не – тоа нема да ја промени реалноста.

Само ќе си предизвикаш удари ако не сакаш да се согласиш со неа. Ти можеш да изјавиш дека не се согласуваш со законот за светската гравитација и да го негираш нејзиното постоење – повели, подоцна ќе гледаме, како ќе паѓаш од покривот.

И тука се случува истото – ние не сфаќаме колку цврсто сме поврзани еден со друг и се обидуваме да дејствуваме секој како што сака: секој влече на своја страна. А потоа забележуваме како сите страдаат – повторно и повторно, веќе илјадници години! Сега ние доаѓаме до состојбата кога нашето его пораснало до својот максимум во сите овоземни желби и нè поврза сите нас меѓусебно на целата површина на земјата.

Но сепак ние не сакаме тоа да го признаеме и се обидуваме меѓусебно да се излажеме и да се искористиме! Но не сфаќаме дека со тоа секој си ги враќа истите страдања, кои им ги причинува на другите.

Ние тоа не можеме да го видиме, бидејќи ако тоа јавно би се открило и јас веднаш по причинувањето на зло некому на лице место би добил повратен удар – тогаш би дејствувал како животно кое не поседува слобода на вољата. Само би се маткал помеѓу ударите и насладувањата работејќи како машина кога законот на општата поврзаност би дејствувал отворено врз мене. Затоа законот се крие за да ми даде можност да го дополнам според сопствената воља!

Иако овој закон постои, но е скриен – јас можем самиот да го компензирам скривањето, како да е откриен! Бидејќи јас сакам тој така да дејствува – заемното давање да биде огромно и силно и да го надвладее примањето. Нека е тоа закон пропишан во сите книги, но јас сакам тој да се открие во пракса! Во тоа е мојата слобода на вољата.

Ми дале една бела дамка – тоа значи дека Создателот е скриен. А јас можам да Го извадам од скривањето и да ја пополнам таа бела дамка со Негово присутство. Тоа ќе биде мое лично присутство бидејќи јас ќе станам ист како и Тој. Јас ќе дојдам во местото каде што Тој се крие и ќе Го заменам! Како да сме партнери со Него и јас велам дека ќе ја завршам Неговата работа наместо Него, таму каде што Тој се скрил.

Од утринската лекција според статијата “Мир во светот“ /26/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica