-15.08.2011Само при обидот за приближување кон ближниот и соединување со него, човекот ги открива своите 613 расипани желби. Само тогаш тој почнува да ја открива својата уништена душа и сфаќа дека треба да ја поправи. Поправајќи ги своите желби така што не му го правам на другиот, она што самиот го мразам, јас се поправам себеси до нивото Бина (хафет хесед) и се исполнувам со светлината Хасадим.
Тоа значи дека јас сосема се прочистувам од својот егоизам. А потоа, постепено го претворам тоа во служење на ближниот, што се нарекува „љубов кон ближниот како кон самиот себеси" – со поправањето на АХАП, 365-те желби. Овие две етапи од поправањето се однесуваат само кон желбите кои се откриваат при нашето соединување еден со друг.
Ако немам намера да се соединам со другите, тоа значи дека јас воопшто не сум открил дека ми е потребно да се поправам. Нашите обични, материјални желби: за храна, секс, семејство, пари, власт, знаења немаат потреба од поправање. Повели, можеш да ги користиш! Бидејќи ако се стремам кон знаење или власт, тоа не е желба која се открива при соединувањето со другите.
Работата започнува кога правам чекори напред за да се соединам со другите и во тоа соединување да го откријам својството за давање наместо својството за примање. Тогаш откривам колку не го сакам тоа! Тоа мое несакање се нарекува „зол почеток", кое ми се открива мене како битие. Всушност, таа желба која се чувствува како избегнување на соединувањето со друг човек при обидот да се открие својството за давање, се нарекува „зол почеток" и треба да се поправи во добрина. Значи, јас дејствувам согласно јасен распоред, определен со фразата: „Јас создадов зол почеток и како дополнение Тора, како средство за негово поправање, затоа што во неа е Светлината која се враќа кон изворот" и чекор по чекор ја реализирам таа формула.
Од утринската лекција “Ту Бе Ав“ - 15/08/2011