Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Најскапиот повик до дома

Одговор: Некогаш сме постоеле во Вишиот свет во нашите корени, но заради гревовите на Адам, „првиот човек“ кој егоистично ја примил Светлината за себе, се случило „кршењето“ и така сме тука во овој свет.

Наместо да ги чувствуваме петте етапи на светот на Ејн Соф (бесконечност): Шореш, Алеф, Бет, Гимел, Далет (0-1-2-3-4) и петте духовни Парцуфим: Кетер, Хохма, Бига, Зеир Анпин, Малхут, почнавме да ја чувствуваме телесната реалност која се перцепира преку пет нивоа: коренот, душата, телото, облеката и палатата.

Чувствуваме реалност која всушност не постои и не знаеме дека постои друга реалност која е вистинска и која била првично создадена. Ние сме прогонети од неа, како да сме прогонети од некоја далечна туѓа земја, како што порано ги праќале злосторниците со бродови до Австралија.

Со тоа што е тука во овој свет, човекот не чувствува дека некаде во неговата татковина има дом и среќен живот. Веќе се навикнал на овој прогон! Но постојат луѓе кои чувствуваат дека се прогонети, на кои им е кажано малку за нивната татковина каде што ги чека вистинскиот живот. Тогаш човекот сфаќа дека е во прогонство. Мора да се грижи за држењето на првото делче од информација кое не побудува никакви чувства во него и да почне да го испитува и да го зајакнува контактот со него.

Ова е прекрасна нишка која ни е фрлена за да се држиме за неа и понекогаш сосема исчезнува, а некогаш се буди во нашите чувства. Од овој миг па натаму, сé зависи од работата на човекот. Создателот ни го дал крајот на нишката, Тој го почнал поврзувањето, но може да се зајакне само со желбата на човекот, со неговата грижа и страв дека може да го загуби.

Сé зависи од тоа колку човекот смета дека поврзувањето е важно без да се плаши од каков било прекин. Треба да биде подготвен да се откаже од сé за тоа. Да речеме дека се јавуваш дома но тоа чини илјадници долари за пет минути. И ти си подготвен да работиш цел месец за да можеш да се јавиш. Тогаш се издигаш на ново ниво на поврзување и дозволен ти е видео повик, но тоа чини десет илјади долари. Повторно, ти си подготвен да работиш само за да можеш да се јавиш. Вака напредуваш сé додека наеднаш не откриеш дека можеш постојано да бидеш поврзан.

Но напредокот се случува преку отстапување кое кажува дека ти го цениш поврзувањето со Создателот повеќе од сé на светот, повеќе од секое можно задоволство, со стекнување на Масах (екран) врз првото, второто и третото ниво, редоследно.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 31/05/2012, Шамати, 61

Што ќе открие кардиограм на желбите на срцето

Прашање: Што е Шхина ?

Одговор: Шхина е сите желби направени од Создателот обединети во една еквивалентна желба која се спојува со Создателот во истиот вид на дарување каков што е Тој. Односно, желбата да се ужива е целосно поправена во желба за дарување. Но во однос на нас, Шхина е „во прашината“. Создателот ја направил желбата да се ужива и ја довел до крајното поправање: конечната, трета поправена состојба веќе постои. Меѓутоа, се чувствуваме како да сме надвор од Шхина, до тој степен што сме скриени во магла и измама. Затоа, се чувствуваме како да не припаѓаме на таа заедничка, поправена желба, и треба напорно да работиме за да се обединиме со неа. Замисли дека сите се целосно поправени освен ти, и светот го гледаш како целосно расипан. Затоа, мора да ја поправиш твојата перцепција и да се придружиш на остатокот од светот, Шхина.

Треба да го замолиш Создателот да те направи ист како Него; тоа значи да се припаѓа на Шхина. Но како да се праша кога тоа не може да се направи вештачки? Молбата доаѓа од длабочината на срцето на начин што не може да се сопре. Замисли дека сите желби од твоето срце може да ги види секој на голем екрај, како да имаш прикачено сензори за кардиограм на твоето срце, покажувајќи им ги на сите твоите желби, твоите мисли за другите и твоите соништа за иднината. И ти не можеш да го прекинеш ова емитување, немаш никаква контрола врз срцето. Очигледно е дека ќе се чувствуваш засрамен ако ги поврзеш овие желби со себе.

Но ако ги поврзеш желбите со Создателот, знаејќи дека Тој ти ги праќа, тогаш нема од што да се срамиш, тоаш не си зарамен од желбите кои се будат во твоето срце. Се чувствуваш засрамен само за нешто што можел да си го сториш за да го поправиш срцето, но не си го сторил. И тогаш почнуваш да го проверуваш. Гледаш дека Создателот ни праќа различни желби, нè тера да мислиме на фалсификување, кражба, убиство, насилство, на начини како да ги излажеме и искористиме другите. Ќе видиш такви слики ако твоето срце се прикаже на екран.

Но сите овие мисли во тебе се будат од Горе, ти немаш моќ врз нив. И освен тоа, ќе видиш дека си имал можност да ја направиш секоја слика како Создателот, но не си ја искористил. И сега си засрамен од фактот дека не си се поправил и не си побарал поправање. Можеби не си се ни потрудил нешто да поправиш, или можеби си се потрудил и си сфатил дека не можеш да го направиш тоа, но не си побарал од Создателот да ти помогне. Сите овие состојби кои си можел да ги поправиш но не си ги поправил, сега во тебе создаваат чувство на срам. Од ова се чувствуваш зарамен, но не и од најстрашните слики кои се откриле во твоето срце и дошле од Горе. Ако пробаш да донесеш сé што поседуваш во рамнотежа со Создателот, тогаш ќе почнеш да ги откриваш сите детали: од каде доаѓа, зошто, со која цел, како да побараш помош и како да направиш да функционира.

Но ако немаш намера да се поправиш себеси, тогаш не ни го отвораш пакетот кој ти е пратен и не сфаќаш што ти следува.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 5/31/12, Шамати #50

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica