Без правилна намера, Светлината не може да навлезе во желбата која останува во својата нечистотија. Само намерата на желбата ѝ овозможува на Светлината да навлезе во неа. Намерата се создава, кога „телото“ ја осознава нечистотијата во која се наоѓа, посакува единство со Создателот и прави дејства за привлекување на Светлината, која враќа кон Изворот. Тогаш Светлината на Тора ја поправа таа намера во намера за давање, а потоа се преслекува во неа. Најпрво треба да ја откриеме својата егоистичка намера. Тоа исто така претставува достигнување. Понатаму на човекот муе е потребна Светлината, за да ја промени намерата во давање.
Прашање: Таа намера се формира со помош на правилно опкружување?
Одговор: Не, намерата ја формира Светлината. А опкружувањето го поддржува тој процес така, за човекот да побара поправка од Светлината.
Прашање: Тоа значи, дека ќе помогне само молитвата?
Одговор: Да, молитва, молба, барање, упатено кон Изворот – со други зборови – потребата. Молитвата, МАН – е потреба, ненаполнета желба, која доаѓа од Нуква и се вклучува во Бина. Оттука и називот – МаН, Меј Нуквин, буквално – „женски води”. Од желбата за давање Бина ја создава Нуква, женската особина – а Нуква сака да се уподоби на Бина од својата желба за примање. Такви се двете фази: во почетоткот, при разбивањето Бина се вклучува во Нуква, т.е. во Малхут, а потоа при поправката, Малхут се вклучува во Бина.
Прашање: Тогаш зошто се потребни сите тие физички дејства, што ние ги правиме во овој свет?
Одговор: Без нив јас нема да си го обезбедам животот. Додека, ако додадам правилна намера кон својата животинска желба да живеам и да се наполнувам, тогаш ѝ овозможувам да се поправи. Сиот свој живот јас го концентрирам на поправката.
Прашање: Дали на секое дејство може да му се додаде намера?
Одговор: Да. Дури и на „најгрубото”. Благодарение на намерата, секое дејство станува духовно. Може да се поправат секои желби, дури и најнезначајните, најниските, најлошите. На секоја од нив, Светлината ќе и даде „сертификат за соодветност”.
Од утринската лекција според статијата „Дарување на Тора“ , 29.11.2012, на Каб.Тв
Стави ја молитвата во нашите усти!
Напишано е, дека Создателот става молитва во устата на човекот, небаре го наполнува со правилна молба. Затоа што Светлината ги создава желбите во нас. И тогаш ние можеме да повикуваме, откривајќи правилна желба, за која ќе добиеме поправки и наполнувања. Сè доаѓа поради Светлината. Не постои ниту едно дејство, што се случува без нејзина помош. Затоа, наоѓајќи се наспроти изворот на Светлината – книгата Зохар, ние треба да побараме, да замолиме, таа Светлина да ни оформи, да ни изваја, да форматира правилна молитва, желба, потреба – таква, која несомнено ќе нè придвижи кон особината за давање. Оваа особина ќе ни помогне да направиме откривања, наменети само за причинување на задовоство на Создателот, а не заради самите нас. Нека Светлината ја прави својата работа. Значи, сите ние заедно се стремиме да почувствуваме една потреба, една форма на една желба за Создателот. Можеби токму таа желба, нашето обраќање кон Создателот ќе нè наполни – и ништо повеќе не ни е потребно. Тоа ќе биде одговорот на молитвата. Стремежот, желбата - всушност, може да биде наполнување.
Како да се запознаеме со Невидливиот?
Прашање: Што е Создателот? Што значи Неговото величие, со кое јас треба да ги инспирирам пријателите?
Одговор: Создателот е особина на давање, љубов, соединување, откажување од сопствените интереси. Достигнувањето на овие особини – е првиот чекор кон изедначување со Создателот. Дали сега Го гледаш Создателот, дали Го чувствуваш? Не! А зошто? Бидејќи тоа е една од особините, која управува со сè и прави сè, но не се открива. Работата е во тоа, што Тој нема лично пројавување. Тоа не е личност како тебе, која зазема место во просторот и сака сите да ја забележат. Создателот е спротивното на тебе – спротивна особина. И затоа Тој како да не постои... Ти сакаш да го откриеш овој празен воздух? За да го сториш тоа, треба и ти да станеш малку како „воздухот”.
Собирајќи пара по пара во касичката на молитвата
Нема ништо поважно од молитвата, МА”Н. Бидејќи таа го дава резултатот на нашата огромна работа во фокусирањето на важноста на целта, величието на Создателот, сите особини, што сакаме да ги достигнеме, за да ја преземеме власта над своето его, желбата за насладување, и да ѝ дадеме друга форма. А за да ја оформиме таа молитва, треба врз неа да работиме. Рабаш сакаше да повторува, дека тоа е работа, во која се смета секоја паричка, кои на крајот се собираат во голем капитал. Тоа сум го слушал од него по 10-20 пати на ден. Тоа значи, дека во секој момент од животот човекот ги собира и ги складира своите напори, секој миг сè поточно насочувајќи се кон целта. И затоа, потребно е да организираме состем на заемна одговорност, заедничко мислење и чувствување, во кој ќе можеме постојано да се насочуваме од помалку важното кон повеќе важното. Тоа треба да ми помогне да одлучам, дека најважно е величието на Создателот. Ако јас Го сметам Него за толку важен, тогаш Тој веќе почнува да владее со мене, и секоја секунда дава нов облик на мојата желба за насладување, на мојата свест, на мојот однос кон животот. Сега веќе јас го гледам животот од нова гледна точка, и ја пречекувам новата препрека која ми доаѓа, новата пресметка – и повторно правам промени во себе. Така се собираат моите паричка по паричка. Како што пишува Баал ХаСулам во едно од своите писма (№18): „Нема друга поправка за човекот – само да ги усмерува сите тековни и идни моменти така, тие да бидат приврзани и упатени кон Неговото големо име”. И никогаш не треба да се напушти оваа работа.
Од утринската лекција според статија на Рабаш , 29.10.2012 на Каб.ТВ
ООН – за 2013 година, обележана со глад
Соопштение: ООН предупреди, дека светските резерви на жито се толку минимални, што можат да предизвикаат голема криза со глад. Цените на основните прехранбени култури во сегашноста се слични на тие од 2008-та година, кога биле предизвикани масовни нереди во 25 земји. Глобалниот систем за набавка на прехранбените производи може да се сруши, оставајќи да гладуваат стотици милиони луѓе, што ќе доведе до ширење на нередите и соборување на владите. Недостатокот на храна ги соборувал старите цивилизации. Светот живее од жетва до жетва. Оваа година, шести пат за последниве 11 години, светот ќе конзумира повеќе храна, отколку што е произведена. Ние навлегуваме во ерата на порастот на цените на храната и ширењето на гладот. Геополитиката на храната брзо ја потиснува геополитиката на нафтата.
Реплика: Криза со глад значи, дека природата веќе сосема нè доближила до прагот на болката, кој ќе нè натера да ги прифатиме сите нејзини услови, дури и да се смениме себеси во вистински (не егоистички) алтруисти, само да се наситиме. Ако ние самите не сакаме, во нашиот релативно удобен живот, да се насочиме кон разбирањето на причините на кризата и нејзино надминување по добар и краток пат – “Ахишена”, тогаш ќе бидеме принудени да се менуваме присилно, по долгиот пат на страдањата, - “Беито”.