Прашање:Ако чувствувам дека мојата молитва е егоистична, тогаш дали треба да престанам да се молам?
Одговор:Најлошата работа што можете да ја направите е да престанете да прашувате. Тоа значи дека вие се враќате на животинско ниво, бидејќи животното ниту може, ниту се моли.
Ние зборуваме за вистинска молитва, а ваша исправка, а не за солзи или зборови од книга. Молитвата е барање да се постигне чисто несебично дарување. Но како може да барате алтроистичко дарување ако е тоа уште повеќе егоистично?
Излегува дека вие можете да се молите само ако тоа не е за вас. Оној момент кога ќе почнете да барате за себе, тогаш тоа повеќе не е духовно бидејќи вие барате од Создателот да го задоволи вашиот егоизам. Молитвата до Создателот е само за силата на дарувањето. Вака почнува молитвата.
Подоцна, вие мора да утврдите зошто вас ви треба, и за што ви треба. Јас морам да утврдам дали сакам да давам со цел повеќе да примам заради мојот егоизам. Сите 125 степени на кои што една личност се издигнува, се воздигнувања од нивоата на молитвата.
Јас ја примам Светлината на АБ-САГ, која што ми е потребна со цел да ги проценам деталите на мојата желба во секое духовно ниво, во секој нов степен, јас размислувам повеќе. Оттаму, јас почнувам да разбирам зошто сé е потребно: овој свет, пријатели и непријатели, неразумни и мудри, робови и херои, и оние кои што се придвижени од алчност и сила. Јас морам да го испитам мојот однос со сите нив и да се стремам кон Создателот.
Како знам дали мојата молитва е несебична и дека не содржи никаков личен интерес или корист за мене? Тоа го знам само кога се молам за други. Ова ми помага да ја проценам мојата молитва. Како резултат, јас сум во состојба да разберам зошто Создателот ме создал мене и целиот свет на овој начин.
Севкупната реалност е создадена и подредена со една цел: за ние да научиме правилно да бараме од Создателот и да го примаме тоа што го бараме- природата на Создателот, вистинскиот квалитет на дарувањето да го замени нашиот егоизам.
Од првата утринска лекција 28.07.2010