05.01.2011 -
Сите ние сме производ на Светлината и затоа мораме да ја достигнеме.
Сите наши страсни желби, молитви, стремежи се насочени кон Светлината. Ние потсвесно ја посакуваме само Неа, и всушност целиот живот трчаме само по Неа. А сите тие наполнувања, сите извори на насладувањето: храната, облеката, новиот автомобил, - што и да е, - сето тоа доаѓа од Светлината!
Само кај нас тие се преслекуваат во некоја конкретна форма, веќе внатре во нас се воспримаат како одреден вид на насладување: автомобил, мало дете, семејство, топлина, мир, убав пејсаж и т.н.
Но во сето тоа јас ја чувствувам само Светлината која ги црта во мене тие предмети. Затоа човекот постепено ќе престане да се интересира за сите тие нешта, - тој ќе тежнее да го види нивниот Извор: самата Светлина, а не нејзините манифестирања.
Јас веќе нема да сакам да го поседувам тој автомобил, зошто што всушност тој ми дава? – Насладување. Значи јас посакувам насладување во "чиста форма", без тој автомобил. Зошто ми е тоа парче железо? Бидејќи тој ми причинува задоволство само кога се возам во него, додека кога не се возам – не постои ниту задоволство. И кога ќе ми здодее возењето, тој едноставно стои на паркинг.
Но јас барам насладувања! Понатаму...Развивајќи се во текот на историјата ние тежнеевме да откриеме некои посуптилни, таинствени работи, бранови. И затоа денес во светот сé станува поминиатурно, квантитетот се претвора во квалитет.
Истото се случува и со човекот: наместо изучувањето на материјалниот свет, тој почнува да се стреми кон духовни постигнувања. Луѓето сé уште тоа не го сфаќаат, но бројот на самоубиствата, терористичките акти, ширењето на наркотици, големиот број разводи – сé укажува на тоа дека човекот чувствува огромен недостиг на полнење, - до тој степен што не може да го надомести во својот живот.
И тоа е знак дека му е потребна Светлината, а не нејзината замена, која Светлината може да ја нацрта во човекот.
Од програмата "Кабала за почетници", 08.12.2010