Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не си дозволувајте да паднете

23.11.2010 -

Гледам колку многу луѓе кои беа многу возбудени на конгресот, чувствуваат замор и депресија сега кога заврши. Зошто сите беа толку расположени? Затоа што бевме под силно влијание од околината. И што е тоа што сега не спречува така да се чувствуваме? Сега мораме самите да работиме да си создадеме силна околина.

На Конгресот тоа се случи само по себе благодарение на огромната сила на влијанието од големата маса луѓе кои поминале толку време спремајќи се за овие специјални моменти, трите дена на Конгресот.

Нашите подготовки успеаја, заедно со големата помош што ја добивме одозгора (Итарута де Лејла). Сега секој од нас лично како и сите заедно мораме да ги вложиме истите напори. Тогаш ќе почувствуваме дека напредуваме исто толку силно како на конгресот! Ќе можеме да правиме големи скокови по патот; инаку ќе го растегнеме на цела година или дури повеќе години она што можеме да го постигнеме за една недела.

Ако човек чувствува дека се спушта, тоа е знак дека не е поврзан со околината и не го буди доволно нејзиното влијание врз него! Покрај тоа, околината како целина не се секира доволно за општата инспирација за да се осигура дека никогаш нема да биде помала од на конгресот.

Зошто одеднаш да паднеме? Треба секогаш да останеме во подем, и го можеме тоа! Не треба да се согласиме со фактот дека сме го изгубиле тоа општо расположение.

Од Утринската лекција од Кабалата 23/11/2010, „Тело и душа"

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica