Прашање: Ако јас искрено одговорам на прашањето: „Што сакам?”, тогаш во срцето се создава одговор: „Да ми биде добро”. Во разумот јас се обидувам да ја променам оваа желба и да кажам дека сакам да Му причинам задоволство на Создателот. Но на следната лекција мојата вистинска желба е: повторно мене да ми биде добро...Како да се излезе од ова? Како да се дојде до вистинска духовна желба?
Одговор: Ако човекот си спомнува дека треба да рече: „Јас сакам да Му причинам задоволство на Создателот”, бидејќи инаку нема да го достигне духовното - тоа нема да помогне. Создателот не се насладува ако јас само велам дека сакам да Му причинам задоволство. Да го насладам Создателот можам само со дејство, а не со празни зборови. Со дејство на соединување. Затоа што Му причинувам задоволство на Создателот со тоа што го откривам Него. А да го откријам можам само во нашиот заеднички сад, во кој ние се соединуваме. Но за да се соединам со другите јас морам да излезам од себеси и да се потрудам да се соединам со нив. Со тоа Му причинувам задоволство на Создателот, затоа што Тој може да се открие. Овој совршен систем на заемно давање може да се открие – и тоа се нарекува откривање на Создателот пред суштеството. Тоа значи да Му се причини задоволство на Создателот. Јас го правам тоа со дела, а не со зборови, давајќи Му место за Тој да се разоткрие.
Од утринската лекција според книгата Зохар - 11.10.2012 на Каб.Тв.