Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не ја испуштај својата шанса!

Во духовното има посебни периоди, некој вид на „среќни моменти”, кои не можеш да ги предвидиш, и не можаш да ги вратиш. Тие се јавуваат од време на време и не зависат од нас, туку од односот помеѓу Зеир Анпин и Малхут на светот Ацилут. Замислете си два цилиндри – еден во друг. Во секој од нив има мала пукнатина, а на средината се наоѓа сијаличка. Во текот на ротацијата на цилиндрите, нивните пукнатини понекогаш се совпаѓаат и тогаш однадвор може да се види зрак на Светлина. На ист начин стапуваат во интеракција Зеир Анпин и Малхут во посебни состојби, кои понекогаш му „трепкаат” на човекот. Тоа се нарекува : „време на желбата”. Таа состојба доаѓа одозгора, кај секого на свој начин. Затоа што сите сме различни, сите припаѓаме на различни делови од заедничкиот систем, поминуваме различни внатрешни и надворешни состојби. Кратко речено, како резултат на разбивањето на садовите, се измешале концептите на нашите меѓусебни односи, и затоа се појавуваат сите можни услови. Но еднаш за човекот доаѓа „среќен момент” – и тогаш е многу важно, дали тој ќе успее да го фати, и да го реализира.

Од утринската лекција, 26.11.2012, на Каб.Тв

Да се почувствува желбата на учителот

Прашање: Што значи да се биде ваш ученик?

Одговор: Не се работи за мене. Станува збор за закон, кој функционира во заедницата на душите. Ние треба да ги соединиме овие души во правилен систем, со правилна поврзаност. Поврзаноста веќе постои – потребно е само да се поистоветиме со неа, да ѝ се приклучиме, да ја исчистиме од нашето ѓубре, да ја вбризгаме во неа моќта на љубовта од нашите желби. А „ученик” се нарекува оној што учествува во тоа, оној што ја извршува таа работа. Тој работи на поврзувањето: со мене – според принципот „направи си учител”, и со групата – според принципот „купи си пријател”. А сите други тој ги „проценува според заслугите”. И сето тоа – за да ја достигне поврзаноста со Вишата Сила.

Прашање: Како да го проверам напредувањето на тој пат?

Одговор:  Само според степенот на самооткажувањето. Во спротивно, твојата проверка ќе биде егоистичка. Човекот треба да ја поништува, да ја елиминира својата внатрешна „преграда”, која му смета на соединувањето. Треба да не работи ништо „зад грб”, кришум, и чесно да ја бара точката на спојување, преку која тој ќе може да ја добие Вишата мудрост. Секој треба сам да ја спроведе таа потрага. Идеално, ти треба да знаеш што сакам јас, дури без да ми поставуваш многубројни прашања. Дознавајќи го тоа, ти треба да го откажеш своето его, за да не им попушташ на своите лични желби. Тогаш ти ја чувствуваш мојата желба и ја исполнуваш. Не е важно дали јас знам за тоа, дали знаат другите. Ти едноставно работиш, и со тоа стекнуваш поврзаност – преку мене - со многу повисок систем, со Создателот.

Прашање: Како по правило, ние ве занемаруваме, дури не сфаќајќи го тоа...

Одговор: Тоа е природно, сакале вие или не сакале. Од тоа треба да се извлече поука – да се сфати својот однос кон Создателот. Иако за тебе тоа не е очигледно, меѓутоа, не е можно кон Него да се однесуваш подобро, отколку кон мене. Ете зошто учителот и групата се наоѓаат пред тебе – Создателот е скриен, а на нив можеш да „вежбаш|” во самоанализирањето: „Кој е поумен во моите очи: јас или тие? Кој е повисоко: јас или тие? Дали јас сакам да ги потчинам на своите планови, за да правам како што мене ми одговара? Или сепак ја наведнувам главата и го правам она, што е добро за нив? Во која мера го омаловажувам пред нив моето знаење?” Во тоа се состои работата. Ти дале симулатор, на кој можеш да ја спроведуваш подготовката. Ако не сакаш да ги извршуваш тие подготвителни задачи – тогаш е жално да се троши времето, подобро оди и насладувајсе со животот...

Од утринската лекција, 26.11.2012, на Каб.Тв

Трнливиот пат кон Целта на создавањето

Ние забележуваме, кога човек доаѓа во групата, во почетокот тој е многу тивок, пристоен, добар пријател, подготвен да им помогне на сите, и навидум сè се одвива нормално. Но после некое време тој се менува во односот кон групата, кон другите, кон себеси, кон животот. Тој со нешто е незадоволен, не доаѓа навреме, и т.н. Во секој од нас се појавуваат голем број на проблеми, кои потоа се наталожуваат заедно внатре во групата. Потоа се појавуваат проблеми помеѓу групите не само од истиот град, туку и помеѓу групите од различни градови и региони. Треба да се подготвиме кон тоа и да сфатиме дека тоа не е обичниот животински земен егоизам, кој ги расфрла луѓето по ќошиња, ги тера да се „јадат” еден со друг, и дека е добро тие да се оддалечат еден од друг, како што се вели: „Одделувањето на грешниците е за нивна корист”. Тие помалку ќе војуваат меѓусебно, секој ќе си го заземе своето ќоше, и сите тивко, нормално ќе егзистираат, понекогаш ќе се посетуваат, и сè ќе биде добро и мирно. Но кај нас треба да постои сосема поинаква тенденција. Ние треба да сфатиме, дека сè што се случува со нас, се случува по волја на Вишата Сила, која нè води кон неа. Ако работиме колку-толку правилно, ако вложуваме во тоа напори и намери, тогаш сè што се случува со нас претставува јасна, единствена последица од Создателот, кој задолжително управува со сите – само Тој, и нема зошто да бараме други причини.

Затоа што пријателот не ми прави некои нечисти трикови, не презема нешто против нас другата група, или ние не се согласуваме со нешто или со некој, ако во нас се појавуваат некои мисли во однос на другите, или кај некој во однос на нас – ние треба да сфатиме и прифатиме, дека сето тоа ни го прави Создателот. Притоа го прави тоа со помош на секакви методи, начини, божемни случајности и итроштини, затоа сме далеку од Него – не можеме да сфатиме и да видиме со голо око. Тоа се проблеми во домот, со децата, на работа, помеѓу нас, меѓу пријателите во групата - во сè што го опкружува човекот, кој учи кабала. Тој треба да согледа, дека Создателот го оптоварува срцето на Фараонот, т.е. заедничкиот егоизам, природата. И тоа се случува постојано. Затоа, наместо да се караме или смируваме, не треба на тоа да обрнуваме внимание. Треба да се кренеме над тоа! Тоа е единствениот начин. Има луѓе кои се караат сè дури дојде до тепачка, има луѓе, кои се разделуваат и божем завршуваат сè со мировен процес, но тоа не е мировен процес, туку само разделување, некој вид на привремен договор.

Ние пак, не правиме така, туку велиме: „Да, ние не се согласуваме еден со друг! Јас те мразам, ти си – против, јас сум – за”, и така натаму, т.е. сите разлики можеме јасно да ги искажеме, да направиме цел список на заемни побарувања. Што потоа? Потоа ќе речеме: „Сето тоа – не сме ние. Сето тоа е Создателот, кој на таков начин нè соочува еден со друг, за да се кренеме над меѓусебната омраза, како над планината Синај. Ќе се кренеме, и ќе одиме заедно понатаму, без оглед на противречностите, останати помеѓу нас.”

Што се случува понатаму? Се кренавме, отидовме малку напред, - и повторно почнуваат интриги, недоречености, местења и меѓусебни пакости. И повторно треба тоа заедно да го продискутираме, да спроведеме семинар, и да дознаеме зошто тоа се случува? Тоа е само Создателот, не постои никој освен Него – да се поткренеме над сè што Тој ни приредува, и повторно да тргнеме заедно напред. И така ќе се случува постојано, сè додека тоа не Му здодее Нему. Што значи да Му здодее? Додека не се кренеме на тоа ниво, каде што Тој ќе ни се открие.

Луѓето кои бегаат од ова, бегаат, што се вели, уште пред слегувањето во Египет, затоа што целиот пат во Египет се состои во постојано оптоварување на срцето на Фараонот. Што тоа значи? Тоа значи, нашиот егоизам постојано да се манифестира како се повеќе нападен, некомпромисен, и да ги гледам другите како повеќе штетни, непотребни, неправилни. Затоа треба постојано да го следиме ова. Но предупредувам уште еднаш, дека сето ова се однесува само на односите меѓу нас! Освен тоа, треба да правиме многу тенка линија меѓу нас и нашите односи во дисеминацијата, кога работиме во нашата компанија, каде навистина можат да се појават некои неправилности, проценки и т.н. Таму треба да дискутираме, да докажуваме, да зборуваме. Но во никој случај да не ги мешаме пријателскиот однос, кој треба стопроцентно да биде насочен на зближување, со односите во работата, кои треба да се насочени за давање на максимален број на точни информации. Ако луѓето преминуваат од една група во друга, мислејќи дека со тоа нешто ќе стекнат, тие само бегаат од својата духовна работа. Ако не можат да се сретнуваат и состануваат едни со други, тогаш нема што да прават во нашето движење. Нема полошо од тоа. Тоа е апсолутно спротивно на насоката кон целта на создавањето.

Да веруваме или да играме? 

Прашање: Како можеме да определиме, дека Создателот ни ги создава проблемите меѓу пријателите, ако Тој е скриен, и ние не Го гледаме?

Одговор: Не постои никој, освен Него. Ние треба да го прифатиме тоа како верба и така да дејствуваме, сè додека Тој не се открие. Тогаш ќе видиме дека тоа е така. Како јас дејствувам на духовниот пат? Кога одам на средба, треба да постапувам како да се наоѓам пред Создателот. Дали јас верувам во тоа? Не, не верувам.

Религиозните луѓе веруваат, дека му се молат на Создателот. Ние не правиме така. Ние се обидуваме да извршуваме дејства на давање, како Создателот да се наоѓа во нас. Создателот е особина на давање, и ние замислуваме, дека тоа божем се наоѓа во нас, и така дејствуваме. Со тоа предизвикуваме врз нас влијание на Опкружувачката Светлина, сè додека Тој навистина се открие, се преслече во нас, и дејствува во нас. Затоа нашите дејства се нарекуваат игра, бидејќи ние играме како веќе да престојуваме во Вишиот Свет, како детето кое игра дека е возрасен и така ги стекнува сите негови особини. Ако тоа не ја игра таа игра, нема да стане возрасен, туку ќе стане големо дете. Затоа, за разлика од сите други  методи, ние се гледаме себеси не само во нашата идна состојба, туку сакаме сега да ја реализираме. И затоа не може да се случи покрај мене да постои друга група, а јас да не сакам со неа да контактирам. Како можам да си го замислувам идниот свет, следното мое скалило, ако притоа не сакам да бидам поврзан со другата група? Зарем тоа е иднина?!

Од утринската лекција, 26.11.2012, на Каб.Тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica